ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа, помошта за новороденче остана непроменета, велат од СДСМ
„Советот на Општина Аеродром одлучи да не го зголеми износот на еднократната парична помош за новороденче на својата последна седница која се одржа неделава“, велат од СДСМ. „Додека некои општини донесоа одлуки за зголемување на помошта за новороденче и до 100 проценти, помошта за новороденче во Аеродром останува во непроменет износ од 8.000 денари цели 7 години. – Коневски ја …
Continue Reading
ДУИ: Владата продолжува со создавање „зони без Албанци“ во државните институции, создава чувство на непожелност кај секој Албанец во земјава
Владата продолжува со создавање „зони без Албанци“ во државните институции, систематски потиснувајќи ги Албанците од позициите каде се носат одлуки. Овојпат, тоа се огледува во составот на советнички тим на Премиерот каде речиси нема ниту еден Албанец, велат од ДУИ. „Оваа политика на мајоризација е позната во минатото, и претставува реконфигурација на државниот систем, промовирајќи моно-етничка доминација. Тоа јасно покажува …
Continue Reading
Средба на претседателот Гаши со новоименуваниот италијански амбасадор Палминтери
Денес претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Италијанската Република во Република Северна Македонија, Паоло Палминтери . Претседателот му честиташе на амбасадорот Палминтери новата амбасадорска функција и му посака успешен мандат. Нагласувајќи дека двете држави мината година одбележаа 30 години на воспоставување на дипломатски односи, кои се карактеризираат како традиционално добри и пријателски односи,со активен политички …
Continue Reading
Лимани во посета на Гостивар: Соработката со општините е клучна, ги прошируваме капацитетите на градинките и обезбедуваме нови вработувања
Министерот за социјална политика демографија и млади, Фатмир Лимани денеска беше во посета на неколку институции од социјална и детска заштита во Општина Гостивар. Заедно со градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани го посетија Центарот за аутизам „Blue puzzle“, со цел донација на хуманитарни пакети од граѓанската организација АДРА. Приказната за основањето и грижата за децата со аутизам на „Blue …
Continue Reading
Левица поднесе Предлог – закон за укинување на двојазичните декларации на производите
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денес на прес-конференција соопшти дека Левица во текот на вчерашниот ден поднела Предлог-закон за измена на Законот за потрошувачи со којшто се предлага укинување на двојазичните декларации на производите. „Ова го нудиме во насока на зачувување на функционалноста на општеството и сврзувањето во нашето општество и во насока на зачувување на унитарноста на државата. Ова …
Continue Reading
Советникот на Мицкоски, Игор Николов, предложен за амбасадор во Франција
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека еден од неговите советници, Игор Николов, кој го советувал за здравствена политика, е предложен да биде нов амбасадор на земјава во Франција. „Еден од советниците којшто беше со полно работно време е професор доктор Игор Николов. Тој беше мој советник во делот на здравствената политика, а договорот ќе му престане бидејќи во текот на вчерашната …
Continue Reading
Ригорозни контроли за цените во два големи ланци на маркети од денес, инспекторите ќе утврдуваат дали ги изигрувале законите
Во пресрет на најавениот бојкот на маркетите поради лажно намалените цени, премиерот Христијан Мицкоски извести дека од денес се почнати вонредни контроли во два големи ланци на маркети. Одговорајќи на новинарски прашања по симулацијата на хибриден напад во касарната „Гоце Делчев“, премиерот рече дека однесувањето на маркетите го сфаќа како напад врз стандардот на граѓаните. „Утрово пред да дојдам на …
Continue Reading
Николоски во работна посета на Косово, се разговараше за патно поврзување и изградба на патниот правец Тетово-Призрен
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заменик министерот за транспорт, Калтрина Зеколи Шакири и директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски се во официјална посета на Република Косово на покана на Либурн Алију, министер за транспорт на Република Косово. Во рамки на постетата тие остварија средба со министерот за транспорт на Република Косово, Либурн Алију, на која се …
Continue Reading
Каранфилова-Пановска: Унгарскиот кредит е најлош можен договор со највисоки камати и скриени трошоци
Пред речиси осум месеци премиерот Христијан Мицкоски во четири очи договори кредит од Унгарија во висина од 1 милијарда евра. Целиот изминат период, јавноста беше под постојана пропаганда за исплатливоста на ова задолжување и убедување од Мицкоски дека со овој кредит државата економски ќе процвета и директно ќе се постигне голем економски раст, вели Фани Каранфилова – Пановска, заменик претседателка …
Continue Reading