Филипче до Мицкоски: Најлошото допрва доаѓа

Во рамки на теренските активности, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и со членови на СДСМ. Од таму Филипче зборуваше за првата година на ВМРО-ДПМНЕ, предупредувајќи дека државата тоне, додека владините функционери се кријат зад празни зборови и лажни успеси. „Откако сфатија дека незадоволството расте и граѓаните се чувствуваат измамени, од ВМРО-ДПМНЕ …

Continue Reading

Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Кавадарци, имаше средба со лозари, на којашто се разговараше за состојбата во земјоделството. Во обраќањето пред лозарите, Филипче посочи дека за една година ВМРО ДПМНЕ ги понижи и осиромаши сите земјоделци вклучително и лозарите. „ВМРО ДПМНЕ беа гласни за земјоделците пред изборите, ветуваа се и сешто, а само за една …

Continue Reading

Меџити: Вработувањата на Албанците станаа законска обврска за државата

Вработувањата на Албанците станаа законска обврска за државата, изјави вицепремиерот, Изет Меџити и додаде дека Владата на денешната седница го усвоила Предлог-законот за правична и соодветна застапеност. Според Меџити, овој предлог-закон претставува историски момент, бидејќи, како што рече, по првпат правичната и соодветна застапеност, како уставна категорија од 2001 година, добива јасно и целосно законско решение. „Иако ова прашање требаше …

Continue Reading

(Видео) Усвоен Предлог-законот за правична застапеност, Мицкоски очекува администрацијата да биде вистински сервис на граѓаните

Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на унапредувањето на добрите меѓуетнички односи како еден од најважните императиви за стабилна, праведна и европска држава. Оваа определба добива уште поголема тежина ако се има предвид хаосот, поделбите, клиентелизмот и масовните злоупотреби што зад себе ги остави минатата влада, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Тој дополни дека должност и …

Continue Reading

Во отсуство на реална политика и аргументи, СДС продолжува со растурање на пердуви во јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС кои 7 години беа на власт и тоа само до пред една година, се однесува како никогаш да не биле владејачка партија, а уште помалку се чувствуваат виновни за она што го направија во тие години владеење. Најверојатно, СДС секојдневно ќе држи прес-конференции, на кои без аргументи, издржани критики и факти, ќе зборува дека полошо се живее, реагираат од …

Continue Reading

Перински: Поставуваме темели на вистински промени, пофункционални општини и подобри услови за живот на сите граѓани

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и министерката за образование и наука Весна Јаневска учествуваше на денешната панел-дискусија „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“, организирана по повод една година од работата на Владата. Министерството за локална самоуправа со години било ставено во сенка, без јасна …

Continue Reading

Николоски oчекува подобрување на економските и политички односи меѓу Македонија и Франција

Вицеремиерот и миниситер за транспорт Александар Николоски од утрово ги започна средбите со претставници на Владата на Француската Република на кои се разговара за подобрување на севкупните политички и економски односи. „Тука во главниот град Париз каде ќе се случат бројни средби на кои што ќе разговараме за зголемување на политичката и економска соработка меѓу Македонија и Франција. Подобрувањето на …

Continue Reading

„Вреди“: ДУИ лажеа 22 години, не преземаа никакви вистински мерки за да обезбедат правична застапеност и достоинство

Повеќе од две децении на власт, ДУИ не презеде никакви вистински мерки за да обезбеди правична и соодветна застапеност и достоинство за граѓаните. Иако ветувањата беа бројни и повторувани, се остана на пропагандно ниво. Наместо решение, ДУИ изгради манипулативен систем со т.н Балансeр, кој го користеше за контрола на администрацијата и залажување на граѓаните со празни бројки. Ветувања за законски …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, понижени работници со најниски плати во Европа

За една година власт, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја претворија Македонија во земја на понижени работници, посиромашни граѓани и опасно задолжена држава, оценува портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според неа, поразителни се податоците на Евртостат, работниците во Македонија денес се на дното на Европа, со најниски плати и најнизок животен стандард. Наместо „горди работници“, вели таа, имаме понижени луѓе кои …

Continue Reading