Шокантни се изјавите на Таравари за грбот и химната, велат од СДСМ

Владата на Мицкоски преку министерот за здравство, Арбер Таравари, којшто повеќе наликува дека е министер без ресор, не’ информираше денес дека за неа поголем приоритет е решавањето на наводно отворените прашања за химната и грбот, а дури потоа фокусирање на проблемите како економијата, платите и здравството, изјави Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ. „Оваа шокантна изјава на министерот Таравари, кој се занимава …

Continue Reading

Промената на државниот грб единствено оди во прилог на балистичките апетити на партиите од т.н. албански блок, велат од Левица

За Левица, најавената промена на државниот грб е директен удар врз АСНОМ, како конститутивен елемент на македонската република. На наследниците на Ванчо Михајлов и на следбениците на Џемо Хаса им предочуваат да не си играат со државните инсигнии, затоа што инстантно ќе го добијат народниот гнев на улица. „Со отворањето на темата за промена на државниот грб, премиерот Мицкоски ја …

Continue Reading

(Видео) Илиевски: Заканите од трговците за отпуштања се последица на слабото лидерство на Мицкоски

Заканите од трговците за отпуштање на 5000 работници се директна последица на неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да води економска политика која ќе ги заштити граѓаните, но и ќе обезбеди стабилност за работниците и компаниите. Така е кога Мицкоски наместо да биде лидер, глуми набљудувач во државата која ја води, изјави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „СДСМ, додека беше на …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДС

Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДС. Владата се погрижи 8 месеци ЈО Љупчо Коцевски да има клима за работа без притисоци и со институции на располагање без притисок од некој политички центар, изјави на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „ЈО Љупчо Коцевски, 8 месеци наместо да се зафати за работа и да почне да ефектуира случаи …

Continue Reading

СДС се тие кои што го срозија животниот стандард на граѓаните, го уништија и енергетскиот сектор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС се тие кои што го срозија животниот стандард на граѓаните. СДС се тие во чие време на седум годишно владеење до прагот на сиромаштија донесоа над 500 илјади граѓани, кои денот го поминуваа со по 150 денари на ден, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на потпретседателот на СДС. Според партијата на власт, сиромаштијата во време на владеење на СДС …

Continue Reading

Подготвени сме во пакет да ги решиме и грбот и химната и 20 % и ако има и други етнички прашања кои досега се ставаа под тепих, вели Таравари

Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари е подготвен, не само за грбот туку во пакет да се разговара за менување и на химната и на 20 отсто Албанци, но и за други нерешени етнички прашања. Неговиот став е дека во пакет треба да се решат овие прашања кои останале нерешени во последните 30 години, …

Continue Reading

МНР: Во Канбера одбележани 30 години дипломатски односи со Австралија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Австралија, присуствуваше и се обрати на настанот со кој беше одбележана 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Австралија. На настанот свои обраќања имаа и Ана Али, министер за локална самоуправа и млади на Западна Австралија и Касандра Фернандо, пратеник во …

Continue Reading

Вработените во Филхармонија со писмо до Мицкоски: директор се избира легитимно на конкурс, и треба да биде со најдобра програма и професионални квалификации

Вработените во Македонската филхармонија преку писмо се обратија до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура Зоран Љутков, по повод конкурсот за избор на директор на оваа институција кој е во тек. Тие како што велат се со надеж дека надлежните ќе го имаат во предвид значењето на институцијата, при носењето на финалната одлука за назначување на нов директор. „Би …

Continue Reading

Апасиев: Следната недела Левица поднесува закон за патни трошоци за работниците

Откако во средата партиите од власта одбија да го поддржат предлог-законот на Левица, со којшто се предвидува ограничување на патните трошоци за пратениците, од партијата најавија измени во Законот за работни односи и враќање на патните трошоци кои работодавачите ќе бидат обврзани да им ги исплатат на работниците. Во статус на социјалните мрежи, Претседателот на Левица – Димитар Апасиев потсети …

Continue Reading