Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција . Премиерот Мицкоски говореше за новите предизвици кои се исправаат пред НАТО, за плановите на Македонија во областа на енергетиката, како и за идните односи во Европа. Тој посочи дека воопшто не е изненаден од говорите на Минхенската безбедносна конференција и одредени …

Continue Reading

Вклучувањето на Бугарите во Уставот е само првиот чекор и ќе овозможи почеток на преговорите, му рекол бугарскиот министер на Муцунски

Не е можно повторно преговарање или заобиколување на постигнатите договори зад кои стои цела ЕУ. Ваква порака испратил бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, до неговиот колега Тимчо Муцунски, на состанокот на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Во дописот на бугарското МНР за средбата, се наведува дека се разговарало за билатералните односи помеѓу двете земји. „Министерот Георгиев истакна дека …

Continue Reading

Семејството на Фросина Кулакова со порака до институциите, утре ќе се приклучи на протестот

Росица Кулакова, сестрата на трагично загинатата Фросина најави дека утрешниот протестен марш е со јасни барања до надлежните институции. Семејството ја повикува Владата да продолжи со поддршката и да ги сослуша барањата што ќе произлезат на протестите, а пратениците активно да се вклучат во промената на законите. Ќе се протестира и пред Апелација со порака до чинителите на судската власт …

Continue Reading

Муцунски на средбата со бугарскиот колега ја отвори темата за македонското малцинство и нивните права

Прашањето за почитување на правата и слободите на припадниците на македонското малцинство во Бугарија и потребата од спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), ги стави на маса министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на средбата со неговиот бугарски колега, министерот  Георг Георгиев, на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Во информацијата на македонското МНР, се вели дека …

Continue Reading

Министерот Мисајловски на Минхенската безбедносна конференција

Министерот за одбрана Владо Мисајловски како дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вчера и денеска учествува на Минхенската безбедносна конференција во Сојузна Република Германија. Утрово министерот Мисајловски средбите ги започна со заменик помошникот секретар за одбрана на САД, Дејвид Бејкер на која се разговараше за актуелните политики во поглед на регионалната и глобалната безбедност и …

Continue Reading

Тoшковски од Минхен: Безбедноста е темел на стабилна држава, во услови на нови глобални закани, Македонија мора да биде активен учесник во меѓународниот дијалог

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 14 до 16 февруари е дел од делегацијата на Минхенската безбедносна конференција – најзначајниот глобален форум за безбедносни прашања, која е предводена од премиерот Христијан Мицковски. „Безбедноста е темел на стабилна држава! Во услови на нови глобални закани, Македонија мора да биде активен учесник во меѓународниот дијалог. Нашата улога во НАТО, регионалната стабилност …

Continue Reading

Коцевски немал судир на интереси за ниту еден предмет – се огласи Обвинителството по обвинувањата на Милошоски

Обвинителството реагира дека тврдењата на пратеникот Антонијо Милошоски за поврзаност на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски со Иџет Мемети и Наќе Георгиев се невистинити.   „Ниту во наведениот, ниту во кој било друг предмет јавниот обвинител на Република Северна Македонија не бил во ситуација на судир на интерес“, реагира Обвинителството по објавата на пратеникот на „Фејсбук“. Милошоски претходно денес обвини дека …

Continue Reading

Мицкоски и Хојзген во Минхен разговараа за безбедносните предизвици

Премиерот Христијан Мицкоски во рамките на работниот престој во Минхен, Сојузна Република Германија денеска оствари средба со претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојзген. На средбата се разговараше за актуелните безбедносни предизвици во Европа и регионот, како и за можностите за зајакнување на меѓународната соработка во доменот на безбедноста и стабилноста. Премиерот Мицкоски ја истакна заложбата за унапредување на стратешкото …

Continue Reading

Функционери на ДУИ потпишаа Кодекс за добра пракса и интегритет

Членовите на централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска го потпишаа Кодексот за добра пракса и интегритет на партијата. Ова следува по отпочнување на процесот на ветинг од страна на пратениците од редовите на ДУИ на 13 февруари 2025 година, што, според партијата, претставува клучен чекор во сеопфатниот процес на реформи и ветинг во нивните редови. Од ДУИ …

Continue Reading