(Видео) Битиќи: СДСМ поднесе закон за намалување на ДДВ за струја од 18% на 5% и укинување на ДДВ на храната

„Животот во Северна Македонија станува сè поскап, а граѓаните сè потешко ги задоволуваат основните животни потреби. Индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на истиот месец минатата година, бележи зголемување од 4.9%, додека индексот на цените на мало пораснал за 5.2%“, вели Фатмир Бииќи – пратеник на СДСМ. „Цените на основните прехранбени производи растат без контрола, …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Тоа што нема постапка против обвинителот и судијата врз кои Наќе Георгиев и Иџет Мемети влијаеле, покажува дека Љупчо Коцевски е пулен на СДС

Тоа што нема постапка против обвинителот и судијата врз кои Наќе Георгиев и Иџет Мемети влијаеле покажува дека Љупчо Коцевски е пулен на СДС, истакнува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Ако Љупчо Коцевски работеше по закон, и ако сакаше да покаже дека може и знае да работи, тој ќе поведеше постапка против обвинителот и судијата врз кои Наќе Георгиев и …

Continue Reading

Арсовска останува на функцијата дури и да се изгласа отповик на градоначалник пред летото, законот не е ретроактивен, вели Перински

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе остане на функцијата до крајот на мандатот дури и да бидат изгласани измените на Законот за локална самоуправа пред почетокот на летото. Со измените ќе се предвиди законска можност за реферндумски отповик на градоначалник, ќе се воведе комунална полиција и ќе се овозможи зголемено учество на граѓаните во носењето на одлуки во локалната самоуправа. …

Continue Reading

​Ѓорѓиевски: Не смее да има недопирливи функционери, ЗЕЛС иницираше законски измени за одговорност

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствува на четвртиот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа, каде со министерот, претставници од Министерството за локална самоуправа, градоначалници, експерти, УНДП и граѓанскиот сектор се дискутира за клучните реформи што треба да ја направат локалната власт поодговорна и поефикасна. Главното барање, кое беше …

Continue Reading

Милошоски: Би било наивно да се прават уставни измени за да ни се случи уште едно неисполнето ветување

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски оценува дека во Македонија постои оправдана разочараност од односот на ЕУ во поглед на нејзиното интегрирање. На прашањето какви гаранции би можел да бара премиерот Мицкоски од Софија, Брисел и од Вашингтон во однос на евроинтегртацијата, Милошоски нагласи дека не е само како ќе се започне процесот на преговори туку многу се битни крајот и …

Continue Reading

Во борбата против малолетничката деликвенција, Тошковски, Ѓорѓиевски и Герасимовски во заедничка акција низ Скопје

Вчеравечер претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, спроведоа заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода. Претходно, одржаваа и координативен состанок во полициската станица во Центар за нивните заеднички заложби. -Целта на оваа иницијатива беше да се направи увид на состојбата …

Continue Reading

СДСМ со пакет решенија за спас на економијата

Денеска во Собранието СДСМ ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот економски мерки за спас на економијата и животниот стандард на граѓаните, информираат од партијата. „За само 8 месеци неспособноста на власта драматично ја влоши економската состојба во државата. Животниот стандард опаѓа, цените на храната пораснаа за 20%, трошоците за живот за 4,9%, сметките за струја се зголемени за …

Continue Reading

Одбраните судии на СДС и ДУИ играат како „змии“, излегуваат од дупките само кога ќе им засвират Заев, Филипче и Ахмети, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Одбраните судии на СДС и ДУИ играат како „змии“, излегуваат од дупките само кога ќе им засвират Заев, Филипче и Ахмети. Стара поговорка вели што ќе посееш, тоа ќе пожнееш. СДС и ДУИ ги посеа Кацарска, Рускоска, Трпков и Коцевски, и никнаа корупцијата и криминалот. Негативни рекорди рушиме секојдневно, буквално судството може да држи лекции за тоа како да си …

Continue Reading

Левица поднесе кривична против Сашо Дранго: Мицкоски уште го нема разрешено

Политичката партија Левица поднесе кривична пријава против заменик-директорот на „Македонија Пат”, Сашо Дранго, поради сторено кривично дело незаконит лов, казниво по член 238 ст.(4) од Кривичниот законик. „Пријавениот во декември 2024 год., додека бил на лов, иако како ловец знаел или требало да знае дека согласно Законот за дивечот и ловството трајно е забранет ловот над мечките кои се класифицирани …

Continue Reading