Муцунски од „Дубровник Форум“: Во 21-ви век нема место за национализам во Европа
На покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на 18. издание на „Дубровник Форум“ – меѓународна конференција што се одржува денеска и утре во Дубровник, Република Хрватска. Фокусот на дискусиите, како што соопшти МНРиНТ, бил ставен на безбедноста на Западен Балкан и процесите …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека само СДСМ и бугарските политичари ја бранат Арсовска
Некогаш големата СДСМ се сведе заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека и СДСМ во точно три случаи се јавува во јавноста за Данела. „Првиот кога ја напаѓаше дека таа е неспособна и има бугарско државјанство. Вториот случај, кога во опозиција ја користеше за напаѓање на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. …
Continue Reading
Кузеска бара оставка од Тошковски со порака дека нападот врз Арсовска е напад врз секој граѓанин
Вчерашниот напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска е само последната и најгрозоморна потврда дека Македонија е под власт на криминализиран и авторитарен режим, кој не се двоуми да употреби насилство за да ги заштити своите интереси и да ги заплаши сите што зборуваат за корупцијата. „Ова не беше само напад врз една градоначалничка. Ова беше порака до секој граѓанин, …
Continue Reading
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска. „Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок. Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство. И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе …
Continue Reading
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи. Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.
Continue Reading
(Видео) „Тошковски ако се плашиш бе момче дај си оставка“: Арсовска обвини дека МВР функционира во одбрана на криминалци
Градоначалничката Данела Арсовска се огласи преку социјалните мрежи, откако излезе од полициската станица, по денешниот напад врз неа. „Штотуку излеговме од полициската станица во Кисела Вода, со советничката Ирена Витина каде што бевме повеќе од два часа. По првиот час нагло се промени расположението во полициската станица по што почнаа да се обидуваат да го прикријат овој настан со цел …
Continue Reading
Ганиу го осуди нападот врз Арсовска: Ниту еден вработен или функционер на oпштина Чаир не бил инволвиран, ниту пак присутен на местото на настанот
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот врз Данела Арсовска и негира поврзаност со инцидентот. „Општина Чаир најостро го осудува инцидентот што се случи помеѓу градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска, и неколку лица на територија на Општина Чаир. Ваквите дејствија се неприфатливи и претставуваат сериозно нарушување на нормите на однесување во едно демократско и цивилизирано општество. …
Continue Reading
ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, кој се случил пред полициска станица, во присуство на полиција и пред очите на јавноста. „Без разлика на политичките разлики или несогласувања, насилството е неприфатливо и мора да биде јасно санкционирано. Овој инцидент го надминува прашањето на лична безбедност, станува збор за напад врз жена …
Continue Reading
Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда, вели Филипче
„Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда. Молкот понекогаш зборува погласно од зборовите“, напиша претседателот на СДСМ, Венко Филипче на социјалните мрежи. „И не се работи само за напад врз градоначалничката и службениците од Градот. Се работи за тоа дали секој од нас може без страв …
Continue Reading