(Видео) Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за уште 16 општини, меѓу кои и кандидат за Град Скопје, односно потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова. „Кандидат за градоначалник …

Continue Reading

Од претходната власт наследивме урбана пустош, дивеење на инвеститори, Аеродром се движи по нова траекторија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Изјавата на СДС е уште еден обид за дефокус и манипулација од страна на партија која во претходните 4 години не направи ништо за Аеродром, освен бетон и хаос. Граѓаните добро паметат – од претходната власт наследивме урбана пустош, дивеење на инвеститори и нула транспарентност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако од страна на СДСМ изјавија дека Општина Аеродром е жртва на …

Continue Reading

Македонија е посветена на изградба и модернизација на транспортните коридори, вели Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со заменик амбасадорот на ЕУ, Бен Нупно. На средбата Николоски ја истакна силната определба на Владата за развој на инфраструктурата, со посебен фокус на европските коридори 8 и 10, како и кракот 10 д. Потребата од економско зајакнување на Македонија и интеграција во регионот е возможно единствено преку изградба …

Continue Reading

(Видео) Даниловски: Општина обрасната со треви, ѓубре, и Муцунски и Митевски, го претворија Аеродром во продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ

Четири години беа доволни да се види вистинското лице на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром – некадарност, незаинтересиранист, нула исполнети ветувања, изјави Марко Даниловски, од СДСМ Аеродром. Наместо локална власт што ќе работи за граѓаните, добивме, вели Даниловски, извршители на волјата на Мицкоски, според него и Муцунски и Митевски, ја претворија општината во продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ. Даниловски оценува дека …

Continue Reading

Движење ЗНАМ: Формиран централниот изборен штаб за кампањата за локалните избори

На синоќешната седница на Централниот одбор на Движењето ЗНАМ за наша Македонија e формиран Централниот Изборен Штаб за спроведување на кампањата за следните локални избори. Избрани се и шефови на Регионалните штабови во сите шест изборни единици, информираат од партијата. Според соопштеното, шеф на Централниот Изборен Штаб е генералниот секретар на партијата, Горан Минчев. „До крајот на месец јули ќе …

Continue Reading

Срамно и недозволиво е во 21 век, среде лето, болница каде што се лекуваат деца да остане без вода, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ го доведе до колапс системот за водоснабдување во Скопје. Ништо не остана од комуналната инфраструктура во главниот град, велат од СДСМ. Власта, додаваат од опозициската партија, треба да им објасни на граѓаните за чии интереси го доведе во ваква состојба системот за водоснабдување. „Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје не поддржаа ниту една одлука за одржување на водоводниот систем, …

Continue Reading

Мицевски за соработката со Унгарија: Пред нас е договор кој е особенo важен за нашата економија, која ќе добие нова енергија, капитал и технологии

Денес пред нас е исклучително значаен документ, Предлог-закон за ратификација на Договорот за стратешка соработка помеѓу Република Македонија и Унгарија, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Овој договор, како што дополнува, не е обичен акт на меѓународна соработка. „Тој е јасна порака на Република Македонија дека гради стабилни, долгорочни, доверливи партнерства со вистински пријатели, во време кога …

Continue Reading

„Законот за верски училишта е направен согласно уставните одредби и е во согласност со важечките законски прописи“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС забораваат да кажат дека токму решението за регулирање на статусот на училиштето на Исламската верска заедница, кое го донесе нивниот премиер, Талат Џафери, беше укинато од Уставниот суд поради тоа што го прекршуваше принципот на секуларност на државата“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на Kристина Kостова. „Новиот закон за верски училишта кој го предлага Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Македонија го зајакнува својот одбранбен капацитет- набавени артилериски системи и опрема согласно НАТО стандардите

„Денеска стоиме пред важен чекор на нашата држава, го зајакнуваме својот одбранбен капацитет, ја модернизираме својата армија и јасно покажуваме дека знаеме да вложуваме одговорно, стратешки и во интерес на безбедноста на своите граѓани. Со гордост објавувам дека преку Министерството за одбрана успешно ги реализираше два значајни договори за набавка на нова современа воена опрема – опрема која е целосно …

Continue Reading