„Вреди“: Ахмети е очаен за политичко внимание, зад сценариото за бојкот на локалните избори се крие стравот од пораз

Тоа што ДУИ не се снаоѓаат во опозиција не може да го претворат во државен проблем. Али Ахмети е очаен за политичко внимание, оценуваат од коалицијата „Вреди“ „Прво, крајно лицемерно и неодговорно е ДУИ да не обвинува нас за иницијативата пред Уставниот суд, кога истата е свесно држена во фиока од нивните кадри во овој суд, со план денес да …

Continue Reading

Трипуновски се сретна со унгарскиот министер за земјоделство: Да се поврзат унгарските и македонските компании за поголема трговска размена на земјоделски и прехранбени производи

Денеска во рамките на Унгарско-македонски владин самит, во Будимпешта министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари конструктивна средба со унгарскиот министер за земјоделство, Иштван Наги. На средбата се разговараше за предизвиците со кои што се соочува секторот земјоделство. „Во текот на разговорот со министерот Иштван Наги се согласивме дека е потребно да се продлабочи соработката помеѓу двете министерства“, …

Continue Reading

Сиљановска ја штити и релативизира Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон една жена, пратеничка во Собранието, истакнуваат од СДСМ. Според нив, наместо јасно и недвосмислено да ја осуди навредата на министерката Кочоска кон пратеничката Петровска, Сиљановска се задоволи со блага и беспомошна констатација дека „не е лошо човек понекогаш и да …

Continue Reading

„Власта да не го игнорира предлогот на ССМ за покачување на минималната плата, во спротивно ќе поднесеме законско решение“, велат од Левица

„ДПМНЕ наместо да глуми опозиција и да се пасивизира во корист на бизнисот, редно време е да ја изврши својата владина обврска во трипартитниот дијалог помеѓу работниците и работодавачите и веднаш да го прифати предлогот на ССМ за минимална плата од 500 евра! Ова не е популизам, туку неопходен чекор што реално ја одразува економската состојба и енормниот раст на …

Continue Reading

Филипче: 585 милиони евра директно во џебот на граѓаните со нашата мерка за плати

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера го посети Кочани каде зборуваше за мерките кои СДСМ ги предлага за подобрување на животниот стандард. Тој истакна дека партијата има конкретен предлог за зголемување на платите во приватниот сектор, без тоа да претставува дополнителен финансиски товар за работодавачите. „Даваме предлог да се зголеми платата во приватниот сектор, а притоа придонесите да се замрзнат …

Continue Reading

„Трендафилов се однесува како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Слободан Трендафилов се однесува како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ? Подолг период наназад претседателот на ССМ делува во целост усогласено со партиските соопштенија на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа што СДС ќе го пласира како политичка теза, Слободан Трендафилов го презема како синдикално делување. Барањата на ССМ се барања направени во СДС. Усогласената политика …

Continue Reading

Битиќи на „Копаоник бизнис форум“: Западен Балкан не смее да остане заробен во поделби и недоверба

Најголемата пречка за развојот на Западен Балкан не е економијата – туку длабоко вкоренетите предрасуди и отпорот кон соработка. Додека договорите и политичките рамки создаваат структура за интеграција, клучниот предизвик е волјата на општествата да ја прифатат оваа соработка како можност, а не како закана, порача пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, во своето обраќање на панелот „Западниот Балкан: Одржлива регионална …

Continue Reading

Средба Муцунски-Сијарто: Унгарија е меѓу десетте најголеми трговски партнери и инвеститори во Македонија

Во рамките на Втората меѓувладина седница со Унгарија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Будимпешта оствари одвоена билатерална средба со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто. Централни теми на разговорите беа тридецениското пријателство и напредокот во севкупните билатерални односи, одличната трговска соработка, како и перспективите и предизвиците во процесот на европската …

Continue Reading

СДСМ: Зголемувањето на платите на универзитетските професори е поради СДСМ и законските решенија

„На лагите на Министерката за образование и наука Весна Јанеска им нема крај. Не е точно дека платите на Универзитетскте професори оваа Влада ги има зголемено за 14%. Зголемувањето на платите на професорите во Високото образование се резултат на заложбите и законските решенија донесени во време на СДСМ“, велат од СДСМ. „Ова покачување на платите на Универзитетските професори е резулатат …

Continue Reading