СДСМ најавува нов скандал: „Овој пат во главна улога е Министерството на Стефан Андоновски“

СДСМ извести дека денеска во 12 часот на прес конференција ќе објави „нов голем скандал за власта“. „Овој пат во главна улога е Министерството на министерот Стефан Андоновски. Скандалозните тендери во новото министерство со кое управува укажуваат на основани сомнежи за директна корупција и конфликт на интереси“, велат од СДСМ.

Continue Reading
Неверојатно е зошто во политичката партија ВМРО-ДПМНЕ не можат да разберат што навистина се случи во петокот, реагира Пендаровски

Пендаровски е озборувач кој покажа дека е против Америка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава. Освен нивните аналитичари, сега и Стево Пендаровски кој воедно е и поранешен претседател на државата предложен од таа партија, кој на последните избори изгуби со историски низок резултат, покажа дека е против стратешкиот партнер на Македонија, САД, велат утрово од ВМРО-ДПМНЕ. „Ова говори дека СДС …

Continue Reading

„Странска приватна компанија ќе профитира од лекувањето на македонски граѓани во македонски државни клиники“, велат од партијата Левица

„Додека македонските граѓани се борат со ниски плати, високи животни трошоци и проблеми во здравствениот систем, Владата решава да ја предаде контролата врз витално важен јавен простор на приватен инвеститор од Албанија. Според оваа срамна и скандалозна одлука, македонските граѓани се принудени на странско приватно лице да му плаќаат пристап до македонски државен здравствен клинички центар. Накратко, албанска приватна фирма …

Continue Reading

Андоновски најави нови правила за онлајн медиумите

Со измените на Законот за медиуми, кои се во владина процедура и наскоро ќе влезат во собраниска расправа, ќе се воведат нови критериуми за професионално работење на онлајн медиумите. Ова го истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во интервју за „Тема на денот“ на ТВ Сител. „Медиумите што ќе имаат импресум, назначен уредник, најмалку тројца вработени и ќе се …

Continue Reading

Мицкоски со емоционален говор за Холокаустот, сеќавање на 7.000 депортирани македонски Евреи

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на церемонијата по повод 80-годишнината од Холокаустот, која се одржа во Меморијалниот центар во Скопје. Во својот говор, Мицкоски изрази почит, тага и надеж, сеќавајќи се на страшните жртви од Втората светска војна и трагедијата која не ја одмина ни Македонија. „Над 7.000 македонски Евреи беа депортирани во логорот Треблинка, а нивниот живот, историја и …

Continue Reading

Трипуновски: Нема да дозволам фантом земјоделци да профитираат

Земјишната политика е основен фактор за враќањето на производството во земјоделскиот сектор и враќање на производствените капацитети на нивото каде што некогаш биле, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување во емисијата „Аграр“. Трипуновски истакна дека неговата прва задача во функцијата е да направи ревизија на земјоделското земјиште кое било поделено во претходните години. Целта е …

Continue Reading

СДСМ бара објавување на договорот со „Ѓока“, партијата се сомнева дека е наместен

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска изрази сериозна загриженост поради сомнителните услови во тендерот за паркингот на Клинички центар, кој предизвика бурни реакции во јавноста. Според неа, владата и Министерството за здравство се обидуваат да заташкаат скандал со наметнувањето на услови кои, како што тврди, не можеа да ги исполнат други компании, освен „Ѓока Констракшн“. „Прашањето кое го поставуваме е …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ троши 100.000 евра за партиска забава во Струмица, а глуми загриженост за граѓаните

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за лицемерие, тврдејќи дека партијата троши огромни суми пари на забави, додека во јавноста глуми загриженост за економската состојба на граѓаните. „Додека СДСМ оди по маркети и се преправа дека ја интересира како живеат граѓаните, истата таа партија троши околу 100.000 евра за настан кој го нарекуваат манифестација за Денот на жената. Ова е врв …

Continue Reading

Василевска: ДУИ си вработи луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, затоа глумат политичка жртва

Негативната селекција и позитивната дискриминација се два главни проблеми со кои македонското општество мора да се справи доколку сака вистински напредок во политичката култура, економскиот развој и стабилноста, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска на трибината „Жените во домашната и меѓународната политика“. „Погледнете овие 20 години – имаме огромна инфлација на незаслужени купени академски дипломи. Треба само да се направи …

Continue Reading