(Видео) „Како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење“, прашува Лефков
„Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење? Додека СДС секојдневно сее лаги, измислици и зборува за сиромаштија, нивниот претседател Филипче, со нивниот поранешен претседател Заев, плови по Егејското море во луксузна јахта вредна милиони“, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на …
Continue Reading
(Видео) „Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата“, вели Битиќи
„Во време кога цените на основните производи и трошоците за живот незапирливо растат, премиерот Христијан Мицкоски ја пласира тезата дека инфлацијата е последица на зголемените плати и пензии. Тоа не е вистина. Тоа е маневар со кој вината за економската состојба се префрла врз работниците и пензионерите, а не врз вистинските причини. Податоците го потврдуваат ова“, вели Фатмир Битиќи, пратеник …
Continue Reading
Мицкоски: Одвоени се 720 милиони денари за 36 спортски објекти
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што се планира во делот на спортската инфраструктура нагласи дека 720 милиони денари се одвоени за 36 спортски објекти. „Во моментот мислам дека само во вториот повик кој што го објави Министерството за локална самоуправа имаме повеќе од половина милијарда денари одвоено за инвестирање во спортска инфраструктура во општините. Севкупно од првиот и …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Нема недопирливи и заштитени поединци
Според владејачката ВМРО-ДПМНЕ, времето „како до сега“ заврши, и почитувањето на законите и процедурите е правило кое секој треба да го почитува. Во партиското соопштение се наведува дека нема недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила, ниту предмети во фиока и заташкувања на случаи. Како пример, се посочува случајот со бившиот началник од Демир Хисар, кој беше експресно разрешен поради …
Continue Reading
Забрана за нови вработувања, користење државен имот за кампања и поткуп — ДКСК потсетува на забраните од денот на распишување на изборите
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) информира дека во периодот од распишувањето на Локалните избори во 2025 година до конституирањето на советите на општините и градот Скопје важат специфични забрани и мерки. Нови инвестиции и вонредни исплати од буџетот не смеат да започнат или се извршат, освен ако претходно се обезбедени средства согласно закон. Забрането е започнување постапки за …
Continue Reading
(Видео) „Филипче треба да одговори чија е јахтата на која плови тој и Заев, колку чини и на кој начин е купена“, вели Лефков
„Не е проблем што Венко Филипче отишол на одмор. Секој човек тоа го заслужува. Не е ни проблем локацијата каде се наоѓа одморот. Проблемот е лицемерието кое го шират и друштвото во кое се наоѓа Венко Филипче. Додека на Бихачка штанцаат соопштенија за тоа колку лошо се живее во државата, гледаме како Филипче одлично живее“, вели Миле Лефков, пратеник и …
Continue Reading
Реакција на ДУИ на изјавата на премиерот Мицкоски: Кој нѐ враќа 30 години назад? Вие или ние?
„Парадоксално е што премиерот зборува за „невраќање во 2001 година“, додека секојдневното практикување на владеењето на неговата влада е враќање назад во времето: кон дискриминацијата, мајоризацијата, исклучувањето и кршењето на правата на Албанците и другите заедници. Потсетувањето на 2001 година не е „стара тема“, туку потсетување на цената што граѓаните ја платија за еднаквоста и за Охридскиот договор, кој денес …
Continue Reading
Мицкоски за изјавите дека УЧК имала праведна борба: Не може убиства од заседа да се праведна борба, нека не се игра на картите на ДУИ за поделби
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во текот на денешната посета на општина Петровец, на новинарско прашање беше запрашан за коментар на изјавата на вицепремиерот Изет Меџити за оправданата и разумна борба на ОНА во Македонија во текот на конфликтот во 2001 година. „Ја слушнав таа изјава и тука апсолутно имаме различни гледишта на работите. Не може да биде апсолутно разумна …
Continue Reading
Мицкоски: Опозицијата се служи со лаги, земјоделските производи се откупуваат
„Исплатата на субвенциите кај земјоделците е навистина за мене би рекол изненадувачки позитивна, бидејќи изминатата недела веќе се исплатија околу 400 милиони денари за околу 7 илјади земјоделци и ценам дека на тој начин ќе продолжиме и понатаму да ја придвижуваме економијата и земјоделската активност“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата, одговарајќи на новинарско прашање. Во однос на обвинувањата од …
Continue Reading