Мојсоска: Со ОЈО-ГОКК кое бара само куќен притвор за „Пуцко“, раководи куќниот пријател на Ахмети

Пратеничката од редовите на Левица Јована Мојсоска, во објава на социјалните мрежи го поставува прашањето зошто едно од барањата е преиначено иако станува збор за ист случај, со Ратко Капушевски и Асмир Јахоски. „По направените разговори, Обвинителството за едниот обвинет побара притвор, додека за другиот домашен притвор“, пишува таа. „Капушевски оди во притвор, Пуцко Петрол во куќен притвор. Која е …

Continue Reading

Државен скандал, на министерот за социјална политика му е одбиена визата за САД, велат од Алијанса за Албанците

Вчера беше откриена шокантна вест, на министерот за социјална политика, демографија и млади при Владата на Северна Македонија, Фатмир Лимани, му е одбиена визата за Соединетите Американски Држави, поради што е принуден да ја откаже официјалната посета на ОН, Њујорк, информираат од Алијанса за Албанците. Ова, како што велат е сериозен удар за имиџот на државата, срам за институциите и …

Continue Reading

(Видео) Стојаноски: Кога СДС и ДУИ го штитат судството, всушност штитат криминал од 167 милиони евра, Асмир Пуцко Петрол наместо во притвор го оставија дома

Кога СДС и ДУИ го штитат судството, всушност штитат криминал од 167 милиони евра, Асмир Пуцко Петрол наместо во притвор го оставија дома. Со години Македонија ја трујат со отровен, канцероген мазут, и за тоа се платени стотици милиони евра од буџетот преку разни тендери, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, шемата во којашто се вмешани врвни функционери …

Continue Reading

Димитриеска-Кочоска на министерскиот состанок во Подгорица посветен на мерки за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи во ЗБ

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на министерскиот состанок во организација на Светската здравствена организација, посветен на елиминирање на штетните влијанија од употребата на тутун. На состанокот на високо ниво учествуваат министри и заменици министри за финансии на земјите од регионот, претставници на Свеската здравствена организација и Eвропската комисија, Обединетото Кралство, Словенија, Светската банка, Светската царинска …

Continue Reading

Муцунски и азербејџанскиот министер разговараа за поголема соработка во економијата, енергетиката, туризмот

Во рамките на првата официјална посета на Баку, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов. Двајцата министри изразија задоволство од средбата, која е потврда за одличните билатерални односи помеѓу двете земји. Во фокусот на разговорите беа односите меѓу Република Северна Македонија и Република Азербејџан на билатерално и …

Continue Reading

Милошоски: Борбата за реформи во судството ќе биде тешка

„Тоа што вчера СДСМ и ДУИ не гласаа за интерпелациите за Судскиот совет е доказ за тоа чии инсталации се овие петмина членови во РСС: Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Миљазим Мустафа и донаторката на СДСМ, Тања Чачарова“, пишува на социјалните мрежи, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. „Кого треба да заштитат ваквите инсталации во правосудството можеше да се види …

Continue Reading

СДСМ ја поздравува одлуката на ДКСК: „Стефан Андоновски е фатен во криминал и местење тендери“

„Го поздравуваме брзото постапување на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која оформи предмет за јасниот случај на судир на интереси, непотизам и корупција поврзан со тендерите што ги доби сопругот на државната секретарка Клинчарова во Министерството за дигитална трансформација. Повеќе од јасно е дека министерот Стефан Андоновски е вмешан и главен одговорен за овој случај. Чекорот на ДКСК …

Continue Reading

„Македонија бележи двојно повисока инфлација во споредба со Европа, а платите остануваат мизерни“, велат од партијата Левица

„Според најновите податоци, Македонија е втора во регионот по највисока инфлација од 4,9%, што значително ја надминува просечната инфлација во еврозоната (2,5%). Овој алармантен тренд покажува дека инфлацијата не е увезена, како што сакаат да се бранат владините претставници, туку е директен резултат на лошата структуираност на македонската економија, неолибералните политики и неспособноста на Владата да се справи со економската …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши

Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи за заштита на криминал вреден 167 милиони евра. Трговија со канцероген мазут, кој го труел народот, а виновниците се ослободуваат со симболични мерки, реагира ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение. Партијата, дополнително, жестоко ја критикува одлуката да му биде определен куќен притвор …

Continue Reading