„Влен“: 23 години лаги, доста е!
„ДУИ и нејзините сојузници ја претворија политиката во игра на логоа и бои. Понекогаш се прогласуваат за Европски фронт, понекогаш за Национален фронт, денес под името НАИ, секој ден нов идентитет, само за да ја сокријат внатрешната криза и 22-годишните неуспеси“, велат од „Влен“. „Ова е јасен показател за партија која не знае која е и каде оди. Еден ден …
Continue Reading
Меџити: За 1 година инвестиравме 164 милиони денари во Арачиново
Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид на терен во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново – проект составен од 9 краци, со вкупна вредност од околу 20 милиони денари. Меџити при работната посета изјави дека моментално се работи на последниот крак, во должина од 860 метри, каде што се реализирани …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња
205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење. СДС си ја користеше Еразмус + како своја приватна фондација. Да ја потсетиме јавноста и за скандалот во кој Димова и Заев доделија два проекти на братот на пратеникот Диме Велковски во висина од над 200 илјади евра, обвини Валентин Манасиевски, …
Continue Reading
ВЛЕН: ДУИ е приватна партија на тазе богаташи
ДУИ ја губи поддршката меѓу граѓаните. Од избори на избори, ДУИ бележи континуирано намалување на бројот на пратеници и градоначалници. Граѓаните на секои избори сѐ појасно ја испраќаат пораката дека не сакаат повеќе да бидат управувани од корумпирана и истрошена структура. Наместо доверба, ДУИ се соочува со масовно разочарување и гнев кај своето гласачко тело, реагираат од ВЛЕН на обвинувањата …
Continue Reading
(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?
Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е потврдено дека била дел од истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами, праша Јовица Јанковиќ од СДСМ. Наместо да ја разреши и да побара одговорност, додаде тој, Владата молчи и ја остава на функција со што директно …
Continue Reading
Претседателката на Советот на Општина Битола ќе се кандидира за градоначалничка
Габриела Илиевска од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“, актуелна претседателка на Советот на Општина Битола, утрово објави дека како независна ќе се кандидира за градоначалничка на Битола. Таа ги повика граѓаните да се приклучат против, како што вели, 30-годишното запоставување на градот. „Добро утро Битола! После сите шпекулации, написи, приказни, плукања, честитки … еве да расчистиме! Ве повикувам сите битолчани, без …
Continue Reading
„Еразмус+ под раководство на Димова во служба на СДС, Фрчкоски, кој јавно го навредува македонскиот народ, награден со 200 илјади евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Криминалот и корупцијата се врежани во матрицата на СДС. Со секој изминат ден на виделина излегува криминалот и корупцијата кои СДС го правеле низ институциите. Власта и управувањето на институциите им служеле единствено да ги задоволат нивните партиски потреби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Таков класичен школски пример на злоупотреба на институцијата и проневера на финансиските средства за задоволување на поединци, блиски …
Continue Reading
ДУИ: Членовите го напуштаат ВРЕДИ, Албанците се откажуваат од лагите на Меџити
Секој нов ден е нов пораз за ВРЕДИ. Членови, активисти и цели структури си заминуваат, оставајќи зад себе вештачка, празна и дискредитирана коалиција. Само во текот на овие денови, членови и структури од три општини јавно се оградија од оваа групација. Ова е јасен доказ дека Албанците не можат да се водат со лаги и дека политиката изградена врз лични …
Continue Reading
СДСМ го честита Денот на Армијата: Нашите херои во униформа се гарант за сигурна иднина
„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, упатуваме искрени честитки до припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, до сите сегашни и поранешни воени лица, како и до нивните семејства, по повод 18 август – Денот на Армијата“, велат од СДСМ. „Армијата претставува столб на сигурноста, одбраната и стабилноста на нашата држава. Со својата посветеност, дисциплина и професионалност, армиските припадници …
Continue Reading