СДСМ: Министерката Јаневска скучила договор со „Пуцко Петрол“ од 40 илјади евра
Продолжуваат партиските преписки за тоа кој, каков договор склучил со „Пуцко Петрол“, чијшто сопственик, Асмир Јахоски, е осомничен во случајот со спорниот тендер за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино и определен му е куќен притвор. СДСМ возврати на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи дека институции и општини раководени од владејачката партија имаат склучено над 170 договори за тендери со истата комапнија. …
Continue Reading
Зеќирија Ибрахими: Повикот за изборен бојкот е страв од пораз
Лидерот на Алтернативата, Зеќирија Ибрахими, во видео изјава го коментираше повикот за бојкот на локалните избори од страна на ДУИ. Меѓу другото, Ибрахими истакнува дека е во корист на демократијата што во ДУИ ќе се случи што побрзо реформски процес. Доколку ДУИ сака да опстане, нагласува Ибрахими, Ахмети мора да си замине од ДУИ. „Изјавите на претседателот на ДУИ дека …
Continue Reading
(Видео) Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, „Пуцко петрол“ успевал за една година да го зголеми приходот за 40 проценти
„Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај во којшто се сомничи за криминал тежок за 167 милиони евра за набавка на канцероген мазут за ТЕЦ Неготино, јавноста има право да знае дека стекнувањето, поточно зголемувањето на имотот на сопственикот на Пуцко петрол се случува благодарение на СДС …
Continue Reading
Левица предложи 18 месеци платено породилно отсуство: Овој закон ќе ја подобри положбата на мајките и семејството и ќе создаде темели за решавање на најголемите демографски проблеми
„Во време кога Македонија се соочува со сериозна демографска криза, Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство, кој е директен одговор на потребите на младите родители и семејства. Овој закон не само што ќе ја подобри положбата на мајките и семејството, туку ќе создаде темели за решавање на најголемите демографски проблеми кои го засегаат општеството. Во светот …
Continue Reading
Македонски Концепт: Бугарија со стопирање на Коридорот 8 ја загрозува безбедноста на НАТО во регионот
Македонски Концепт изразува длабока загриженост поради одлуката на бугарската влада да го стопира проектот за железничко поврзување со Македонија, како дел од Коридорот 8. Според информациите, средствата наменети за оваа инфраструктура се пренасочени кон завршување на домашни железнички проекти. „Овој потег претставува сериозен удар врз регионалната соработка и интеграцијата на Западен Балкан во евроатлантските структури. Коридорот 8 е од стратешко …
Continue Reading
ДУИ: Секој обид за оспорување на Законот за употреба на јазиците е обид за оспорување на Охридскиот договор и уставниот поредок на Северна Македонија
„Денес ја одбележуваме четвртата годишнина од потпишувањето на Законот за употреба на јазиците – моментот кога беше заокружен легислативниот дел од Охридскиот рамковен договор, со што албанскиот јазик го доби заслуженото место во нашиот мултиетнички државен систем“, велат од ДУИ. „Овој закон не беше само правна регулатива, туку историски чин што ја запечати еднаквоста и институционалната стабилност на земјата. Но, …
Continue Reading
„Судскиот совет не е приватен дуќан на кадрите на Заев и Груби – разрешените членови мора да заминат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на обидите на разрешените членови на Судскиот совет да ја узурпираат институцијата, спротивно на волјата на Собранието и јавноста. Ова не е само правен проблем – ова е директен судир помеѓу граѓаните кои бараат правда и малата група поранешни функционери кои очајнички се обидуваат да го зачуваат своето влијание“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Недовербата што Собранието ја изгласа …
Continue Reading
Корумпираните судии и обвинители ги штитат тендер партнерите на СДС, ДУИ и мазут мафијата која го труела народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Обвинителите и судиите избрани во Мала Речица и Бихаќка го штитат криминалот на функционерите од СДС и ДУИ и мазут мафијата која користела канцероген мазут и го труела народот поради екстра профит. Трансакциони судии и обвинители избрани во Струмица и Зајас ги штитат политичките елити и моќниците од бизнис фелата, кои преку набавка на мазут за електрани и ТЕЦ Неготино …
Continue Reading
СДСМ: Одговорноста за високите сметки на струјата е кај Владата на Мицкоски
„Мицкоски не може да избега од оговорноста за високите сметки за струја кои се покачени и до 30%. Високите сметки за струјата не се поради лошото читање на броилата туку поради лошото менаџирање од страна на владата. Тоа е клучниот проблем, неспособноста на власта која купува скапа струја на пазарот затоа што нема доволно домашно производство, а тоа го плаќаат …
Continue Reading