Фетаи-Палминтери: упатена благодарност за помошта во лекувањето на повредените пациенти во трагедијата во Кочани

Заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Италија во Скопје, Паоло Палминтери. За време на средбата, заменик-претседателот на Владата, Фетаи, му честиташе на амбасадорот Палминтери за новата функција и му посака успех во неговата дипломатска мисија. Тој ги оцени билатералните односи како одлични и изрази благодарност …

Continue Reading

За разлика од порано кога виновен беше „кабелот“, сега има истрага и приведувања, рече Петрушевски и повика да не се злоупотребува трагедијата

Сериозноста бара одговорност, но не и манипулации со трагедијата, изјави на прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски, додавајќи дека Социјалдемократскиот сојуз се служи со подмолни политички калкулации кога зборува за трагедијата во Кочани. Според владејачката партија, прашањата кои ги поставува опозициската партија, се дел од активна истрага предводена од институции што работат со целиот капацитет и со огромна свесност за големиот интерес на …

Continue Reading

Костовски: Селектитвност не смее да има, да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани

„Пред точно една недела, Македонија ја погоди најтешката трагедија во поновата историја. Изгубивме 59 млади животи. Во тие најтешки моменти, како партија одлучивме да молчиме и да не политизираме. Решивме да не додаваме сол на раната на семејствата на починатите. Тоа беше одговорно и човечки. Оставивме седум дена органите на правосудството да покажат дека спроведуваат независна, темелна и пред сè …

Continue Reading

Муртезани: Први во регионот ги добивме средствата, ЕУ испраќа силна порака за доверба и партнерство

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска се обрати на прес-конференција по повод пристигнувањето на средствата од претфинансирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од страна на Европската комисија. „Траншата е во висина од 52,4 милиони евра, односно 7% од вкупната сума на финансиска помош за земјата, која што како што знаете, изнесува околу 750 милиони евра. Оваа …

Continue Reading

Таравари: Утрово станав со 50 пораки дали давам оставка, останувам министер и на први и на втори и на петти април

Министерот за здравство Арбен Таравари ги демантира гласините дека ќе си даде оставка на втори април кои викендов се раширија на социјалните мрежи. Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека останува на функцијата. „Утрово станав со 50 пораки дали давам оставка, јас сум фокусиран на работата во Министерството за здравство. Односите со партнерите во коалицијата се добри, стабилни и јас …

Continue Reading

ГРОМ: Кој дозволил дискотеката „Пулс“ да работи и покрај пломба на вратата и блокирана сметка?

„Изминаа седум траорни денови од погибието на 59-те млади луѓе и повеќе од 150-те повредени во ужасниот пожар во Кочани. Покрај земјотресот 1963 година и двете авионски несреќи, ова е најголемата катастрофа која се случи од 1945 година па наваму, благодарение на човечката неодговорност и нефункционирањето на институциите на системот“, велат од ГРОМ „Додека цела Македонија тагува, а заедно со …

Continue Reading

ДУИ: Тоа не беше обичен локал, туку неформалното собиралиште на целата политичка, криминална и бизнис елита на Кочани, сите сѐ гледале – но цела година никој ништо не видел

„Изминаа седум дена болка, молк и солидарност – денови кога целото општество се поклони пред споменот на 59 млади животи што згаснаа трагично, меѓу кои и деца, а стотици други беа повредени. Како Демократска Унија за Интеграција, одбравме да молчиме – од почит“, велат од ДУИ. „Почит кон жртвите, кон семејствата, кон една национална рана што треба да не обедини, …

Continue Reading

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави Митева

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави портпаролката на Владата Марија Митева. -Во овој момент се скенираат ваквите состојби во делот на активна законска лиценца која е поседувана или непоседувана. За сите натамошни детали ќе се продолжи со етапна контрола на се она што е нерегуларно согласно законот и верувам дека и овој дел ќе …

Continue Reading

Да се провери одговорноста на УЈП во истрагата за трагедијата во „Пулс“, бара ДУИ

Во врска со новите информации поврзани со трагичниот настан во Кочани, Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува загриженост за сомнежите што се појавуваат во однос на транспарентноста и независноста на институциите надлежни за истрагата. Како што велат од ДУИ, според информации објавени од истражувачките стории на медиумите, кабарето „Пулс“ било официјално затворено и пломбирано од страна на УЈП во втората …

Continue Reading