Партијата Левица ја повикува власта веднаш да спроведе ветинг во МВР

„Последниот скандал со припадникот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, кој од просториите на СВР Велес изнел службени документи со доверлив карактер, е само уште една потврда за длабоко вкоренетата корупција во редовите на МВР. Ова не е изолиран инцидент, туку дел од поширок проблем што со години ја разорува безбедносната на државата“, велат од партијата Левица. „Овој случај повторно сведочи …

Continue Reading

Оставката на Папазов помина на владина седница

Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на Кочани, откога одлуката ќе биде објавена во „Службен весник“. Инаку, Папазов ја поднесе оставката по пожарот во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени и префрлени низ клиниките во земјава и странство. Папазов по оставката …

Continue Reading

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со лиценцата за дискотеката „Пулс“ во Кочани, без оглед на ривалството со Интегративците. „Без разлика што сме лути политички противници, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за трагедијата во Кочани. Но, за тоа одлучуваат правосудните органи, а не политичките …

Continue Reading

Нема повеќе седење дома и земање плати, потребна ни е ефикасна администрација, порача Мицкоски

„Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината ефикасност и посветеност кон граѓаните. Колку е подобро организирана, толку побрзо и поквалитетно ќе ги испорачува услугите. За жал, во изминатите години сведочевме на слабости, партизираност, неефикасност, недоволна компетентност на одредени кадри. Сега е време за промени“, рече премиерот Христијан …

Continue Reading

Трендафилов подготвен тој и сите функционери една година да земаат плата 500 евра, но уште утре минималната плата да се зголеми на истиот износ

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов е подготвен една година тој и сите избрани и именувани лица за земаат плата од 500 евра доколку веднаш во Собранието се изгласа измена со која и минималната плата ќе се зголеми  на 500 евра. Предлогот Трендафилов го даде како одговор на нападите дека синдикалните лидери од ССМ земаат високи …

Continue Reading

(Видео) Талески: Мицкоски не може да не знае, втор обезбедувач од неговиот круг фатен во контакт со подземје

Оваа Влада и ДПМНЕ се очигледно сериозно вмешани во криминал а лица од најголема доверба на премиерот во континуитет се во комуникација со подземните нарко кланови. Имаме сериозни причини да прашаме: Дали сме сведоци на целосна криминализација на ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од Христијан Мицкоски, прашува Миле Талески, пратеник од СДСМ. Фактите, како што вели се загрижувачки и алармантни. „Ангел …

Continue Reading

Левица: Не поминаа предлозите за дуплирање на породилното отсуство и плата до 5-ти во месецот

За жал, пратениците од владејачкото мнозинство, составено од ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, продолжуваат со нивната арогантност игнорирајќи ги потребите и барањата на граѓаните. На денешната седница на Собранието се најдоа два Предлог-закони на пратеничката група на Левица со кои беше предвидено зголемување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци и исплаќање на платите на работниците до петти наредниот месец наместо до петнаесетти, …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: ДКСК да го прошири предметот со новиот скандал за Андоновски

Според портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, скандалите во Министерството за дигитална трансформација водено од Стефан Андоновски не престануваат. По тендерот добиен од сопругот на државната секретарка Клинчарова, сега јавноста, додава таа, дозна за нов тендер вреден 600.000 денари, кој по информации од свиркачи се сомневаме дека бил доделен на фирма поврзана со родителите на вработен во ИТ-секторот. „ДПМНЕ не го …

Continue Reading

Истрагата за трагедијата во Кочани е политички воден процес, тоа е фарса на добро организирана одбрана на вистинските виновници, велат од ДУИ

Секој ден излегуваат нови докази кои потврдуваат дека истрагата за трагедијата во Кочани е политички воден процес, а не професионален или уште помалку независен процес. Она што јавно ни се демонстрира воопшто не е истрага, туку фарса во насока на добро организирана одбрана на вистинските виновници, истакнува Арта Билали Зендели од ДУИ. Како што вели, 59 млади животи згаснаа во …

Continue Reading