Мицкоски: Наш предизвик е да го подигнеме социјалниот и економски статус на Ромите

Наш предизвик и цел како Влада во периодот кој следи, е да го подигнеме социјалниот и економски статус на Ромите, вели премиерот Христијан Мицкоски по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. „Македонија е земја која историски и традиционално гледано секогаш била пример за толеранција, разбирање и инклузивност на своите граѓани без разлика на нивната етничка или верска припадност. …

Continue Reading

„Апасиев ист Артан Груби, и двајцата купуваа по багателни цени деловен простор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Новиот Артан Груби е Димче Апасиев. Ќе потсетиме дека деловниот објект кој семејството Груби го стекнало за околу 100 илјади евра, односно по помалку од 650 евра за квадрат, самата банка која му го доделила кредитот го проценила истиот локал за 200.000 евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Од друга страна Димче Апасиев исто како и Груби купува деловни простории по багателна …

Continue Reading

(Видео) Мециновиќ: Својата криминогеност ВМРО-ДПМНЕ не може да ја преслика на Левица – партиските простории се транспарентно и легално купени со хипотекарен кредит

„Идејата за купување на простории дојде од деветгодишното постоење на Левица и сметаме дека е време да ги обезбедиме нашите први простории како политичка партија. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, обидувајќи се криминалот кој тие го имаат создадено преку својата „бела палата” која чини 60 милиони евра и за која плаќаат над 10.000 евра сметки за струја месечно, знаејќи дека целата јавност …

Continue Reading

Мицкоски: Ромите не се „малцинство“, туку народ со богата традиција

Овој ден има силна симболика. Тоа е ден на сеќавање – на историја, на прогонот, на исклученоста, но и ден на достоинство, отпор и надеж, истакна премиерот Христијан Мицкоски по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. Според него, тоа е ден кога не само што ја славиме ромската култура, туку и гласно зборуваме за неправдите со кои оваа …

Continue Reading

Таравари не преговарал со ДУИ, а од „Влен“ не добил понуда да бидат една партија: „Ако решиле да се здружат ќе им го дадеме името“

Досега сме немале понуда од „Влен“ за да бидеме една партија, ако имаме ќе ја разгледаме, не брзаме, но ако одлучиле заедно да бидат, името им го даваме, нека го задржат „Влен“, ние ќе останеме „Алијанса за Албанците“, ќе продолжиме со нашата пратеничка група. Ова го истакна Арбен Таравари, одговарајќи на новинарски прашања. Тој рече дека остануваат отворени за соработка …

Continue Reading

(Видео) Односите со „Вреди“ се коалициски, одлични, рече Мицкоски кој не планира владина реконструкција

Премиерот Христијан Мицкоски не планира реконструкција на Владата пред локалните избори. Прашан од новинарите за оваа можност, а за која деновиве се зборува поради несогласувањата во коалицијата „Вреди“, Мицкоски кусо одговори „Не“. Дополнително беше прашан и какви се односите со „Вреди“, на што одговори: „Коалициски, одлични“. Претходно денес и вицепремиерот, Изет Меџити, беше прашан дали се планира реконструкција на Владата …

Continue Reading

Очигледно направена е некаква грешка, рече Мицкоски за царината од САД, очекува брзо да се коригира

Премиерот Христијан Мицкоски очекува за брзо да се корегира одлуката на САД за зголемувањето на царините кон Македонија за 33 отсто. Тој вчера најави добри вести од САД за македонските граѓани, но вестите, како што кажа и самиот, се’ уште не стигнале, а процесот е сензитивен. Кога сѐ ќе се заврши, рече премиерот, тогаш ќе излезат во јавноста со детални …

Continue Reading

Меџити: Таравари треба да расчисти со дилемите, неприродно е и „Влен“ и соработка со ДУИ

Арбен Таравари треба да расчисти со дилемите, смета неговиот коалициски партнер, Изет Меџити. За односите меѓу нив, во рамки на коалицијата „Влен“, оценката на Меџити е дека тие се добри, а и двајцата комуницираат. Сепак, тројца од четворицата лидери на политичките партии кои ја сочинуваат „Влен“ се согласни дека треба да настапат заедно на локалните избори, но Таравари размислува поинаку. „Разговараме …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека може да живеат со 400 евра

Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека можат да живеат со 400 евра месечно, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес конференцијата по неговата победа на внатрепартиските избори. „Оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, за 10 месеци само покажа дека не знае, не умее, и што е најстрашно – не сака да се справи со реалните …

Continue Reading