Николоски: Започнуваме со изработка на нова унифицирана постапка за поставување урбана опрема за сите општини
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шакири, денеска остварија работна средба со претставници на ЗЕЛС. На средбата се разгледуваа можностите за воспоставување на законско доуредување на постапката за поставување на урбана опрема, односно можноста за изработка на нов Правилник со кој ќе се уредува постапката за поставување на урбаната опрема. …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Филипче беше фатен жив во шема за земање провизија за вакцини во аферата „Стабри“, тој нема никаков кредибилитет, да си поднесе оставка
Венко Филипче беше фатен жив во шема за земање провизии за вакцини за „Ковид“ во аферата Стабри, тој нема никаков кредибилитет, да си поднесе оставка, побара Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче сакаше да набави кинески вакцини против „Ковид“ во ек на кризата преку фирма регистрирана за тргување со банани и јужно овошје. Оваа фирма со име …
Continue Reading
СДС ја уништи државата со 3 милијарди нов долг, сега глумат финансиери, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС, партијата што го задолжи секој граѓанин со над 1.600 евра долг за време на нивното владеење, денеска се јавува со прес-конференции за 137 милиони евра – средства што одат исклучиво за отплата на нивните долгови, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „137 милиони евра што сега ги спомнуваат СДС не се ново задолжување, туку рефинансирање на кредити кои доспеваат – кредити кои …
Continue Reading
Односите со САД се цврсти и исполнети со заемна доверба: Мицкоски телефонски разговорал со американскиот државен секретар за економија
Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник, пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. „Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство …
Continue Reading
Македонски концепт: ДУИ напаѓа затоа што не сака политичари кои се борат за македонските интереси
ДУИ напаѓа затоа што не сака политичари кои се борат за македонските интереси, реагира Македонски Концепт на обвинувањата од ДУИ во врска назначувањето на Петар Богојески за раководител на Агенцијата за европски образовни фондови. „ДУИ сака политичари Македонци кои се спремни, за пари да тргуваат со националните интереси. Ние не сме такви. Тоа време помина. Македонски концепт констатира дека партијата ДУИ …
Continue Reading
За законот за градежно земјиште мора јавна дебата, а не да се носи по скратена постапка, бара Левицата
По однос на спорните Предлог-измени на Законот за градежно земјиште, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на последната седница на Собранието побара оваа точка, односно предлог да биде повлечен од дневен ред и да се организира јавна дебата со експертската јавност. Владејачкото мнозинство го одби предлогот на пратеникот и ја изгласа потребата за носење на измените по скратена постапка: -Јас барам …
Continue Reading
„Вреди“: 229 милиони денари за заштита на животната средина
Со цел обезбедување поздрава животна средина и зачувување на биодиверзитетот, подобрување на животната средина, квалитетот на чиста вода, плодна почва и подигање на јавната свест, од „Вреди“ информираат дека Владата и Министерството за животна средина имаат распишано јавен конкурс за доделување средства од Програмата за инвестиции во животната средина, на кој се нудат 229 милиони денари. Овие средства, како што …
Continue Reading
Зошто четири недели по трагедијата во Кочани се уште нема проширување на истрагата, прашува СДСМ
Речиси четири недели по огромната трагедија во Кочани, истрагата сè уште нема одговори на едни од најважните прашања: кој сноси одговорност за пожарот во „Пулс“ и кој е виновен за сериозните безбедносни пропусти на денот на трагедијата, прашуваат од СДСМ. Иако беше најавено, како што велат, до денеска не е направен ниту еден чекор во насока на проширување на истрагата, …
Continue Reading
„Филипче е човек кој има криминален багаж зад него, исто како Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Продолжената рака на Заев, Филипче е човек со криминален багаж зад него. Филипче е човек кој има голем број на афери кои се поврзани со него. Филипче беше член на Влада и не одговараше за модуларната болница, за провизиите од вакцините, за Онкологија и други афери“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче е дел од системот кој го уништуваше здравството изминатите години, а …
Continue Reading