(Видео) Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, вели Филипче
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во изјава за медиуми, посочи дека единствени кои што се разочарани и незадоволни од неспроведувањето на реформите во правосудството, се само граѓаните. Филипче нагласи дека премиерот Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството и неспороведувањето на потребните реформи. „Сметам дека е апсолутно недозволиво премиерот да се однесува како независен аналитичар и …
Continue Reading
Николоски: Бележиме раст од 6,1 процент во транспортниот сектор
Бележиме раст од 6,1 % во секторот транспорт, што говори дека оваа индустрија се развива, но исто така говори дека се уште има простор за раст и развој. Преземаме краткорочни и долгорочни мерки што ја олеснуваат вашата работа, но реализираме и големи крупни капитални проекти кои директно влијаат врз развој на транспортниот сектор, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт …
Continue Reading
Марјан Димитриев кандидат за градоначалник на општина Аеродром од Левицата
Марјан Димитриев е кандидат за градоначалник на Општина Аеродром од Левица. Носител на советничката листа е Дејан Ристовски. „Со ова официјално влегуваме во изборната трка со јасна визија: Аеродром да стане место каде што интересот на граѓаните ќе биде пред личните и партиските привилегии. Нашиот тим, составен од луѓе со интегритет и волја за промени, е подготвен да работи посветено за: …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не манипулира, учебници има
Учебници има, а СДС упорно продолжуваат да лажат. СДС да престане да се резили со вакви празни фрази, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Кога веќе излегуваат на прес-конференции и се брукаат со вакви тези, барем нека кажат кој учебник, според нив, фали. Учебници има и наставата се одвива во најдобар ред, а …
Continue Reading
Условната казна за случајот со терапијата за рак е непочитување на жртвите, рече Андоновска
Пратеничката Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека условната казна изречена за злоупотребата на терапијата за пациенти со рак претставува „потценување на интелигенцијата на народот и непочитување на жртвите“. „Со години пациентите добивале физиолошки раствор наместо вистинска терапија. Додека тие мислеле дека се лекуваат, тие всушност умирале,“ рече Андоновска. Таа додаде дека според обвинението, со оваа злоупотреба е направена штета …
Continue Reading
СДСМ: Учебници сè уште нема, потребно е итно решение
СДСМ денеска преку портпаролката Богданка Кузеска потсети дека е поминат еден месец од почетокот на учебната година, а голем дел од учениците сè уште немаат учебници. Од партијата посочуваат дека дел од учениците се приморани да учат без учебници, а дел располагаат со стари и оштетени изданија. Родителите не треба да печатат материјали дома, ниту наставниците да импровизираат, велат од …
Continue Reading
Мицкоски за пресудата за случајот Онкологија: Со вакви одлуки, судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на условната казна за докторката која призна злоупотреба на Клиниката за онкологија, изјави дека со такви одлуки, судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми. „Па знаете, моите ставови за Обвинителството и Судството се многу пати кажани, многу пати разговарани и секогаш кога ќе зборуваат зошто …
Continue Reading
Мицкоски: Седум милиони евра за проекти за развој на Штип
„Повеќе од седум милиони евра се проекти коишто директно се финансирани од централниот буџет, коишто треба да помогнат во развојот на Штип“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Мицкоски посочи дека е убеден дека градоначалникот на Штип, Иван како и до сега, така и во иднина ќе продолжи да реализира проекти за …
Continue Reading
„Судството со скандалозната условна казна за докторката од Онкологија покажа дека му служи на друштвото на Заев, Филипче и уште неколкумина од СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Судството и обвинителството од ден на ден покажуваат само едно, дека работат исклучиво под диктат. И тоа под диктат на СДС и ДУИ. Правосудниот систем никако не е располжен да донесе пресуда во корист на обичните граѓани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „За ова говори и последната судска одлука, онаа за докторката Мери Пешевска од Клиниката за онкологија и радиотерапија која е …
Continue Reading