Локалните избори треба да се распишат во јули или август
Кон крајот на јули или почетокот на август треба да бидат распишани локалните избори, брифираше претседателот на Собранието, Африм Гаши. Во врска со интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица, Гаши информираше дека се очекува да биде ставена на следната пленарна седница, на 29 април, како прва точка на дневниот ред.
Continue Reading
Владата ја прави премиерот, ако тој смета дека Алијанса за Албанците не треба, ние немаме никаков проблем, вели Таравари
Министерот за здравство и лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, не сака да избрзува со носење какви било политички одлуки во овој момент. Таравари денес кажа дека имаат одлука само за советничките листи на претстојните локални избори и остануваат на ставот дека во трка за албанските гласови ќе одат сами, како Алијанса за Албанците, а не како дел од …
Continue Reading
„Конзулатот во Њу Џерси работи само 4 часа неделно – уште една навреда за македонската дијаспора“, велат од партијата Левица
„Срамно и понижувачко е постоењето на Конзулатот на Република Македонија во Риџфилд Парк, Њу Џерси, кој работи само четири часа неделно – два часа во вторник и два во четврток, и тоа е жив доказ за институционалното запоставување на македонската дијаспора“, велат од партијата Левица. „Нашиот народ кој живее, работи и придонесува во САД е принуден да се соочува со …
Continue Reading
„Тандемот Заев-Филипче треба да каже од каде им се милионските трансакции кон Дубаи, дали се тоа провизии од зделки и тендери во четири очи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Наместо празни зборови и небулозни соопштенија СДС треба да ги охрабри Заев и Филипче да одговорат на едно едноставно прашање. Заев и Филипче да кажат дали поседуваат златни визи за Дубаи и колку милиони им се трансакциите во Дубаи? Додека Заев, како инвеститор, гради згради во Дубаи и му прави засолниште на Филипче, тој му ја чува фотелјата во СДС“, …
Continue Reading
СДСМ: Не е само култура, илјадници работници власта остави без плата
„Илјадници работници власта остави без плата. Иако поминаа недели од законскиот рок, платите на вработените во државни институции сè уште не се исплатени. Не само вработените во културата, вработени во Министерствот за економија, во Државниот пазарен инспекторат исто така немаат земено плата“, велат од СДСМ. „До таму ДПМНЕ ја донесоа земјава – не зборуваме веќе за економски развој, туку дали …
Continue Reading
Николоски во Лондон се сретна со Тим Рид: економската соработка меѓу двете земји во делот на реализација на капиталните инвестиции, тема на разговорот
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, вчеравечер во Лондон оствари работна средба со Тим Рид, извршен директор на Извозно кредитната агенција на Обединетото Кралство. Како што информира Министерството за транспорт, на средбата се разговарало за економската соработка меѓу двете земји во делот на реализација на капиталните инвестиции. Притоа вицепремиерот Николоски ги истакна плановите на Владата за развој и модернизација …
Continue Reading
ДУИ: Она што порано доаѓаше однадвор, денес се спроведува одвнатре – со Албанци кои молчат или соработуваат на штета на колективните права на сопствениот народ
„Претставниците на коалицијата ЛЕН, кои со само 9 пратеници (1.3% ) тврдат дека ги претставуваат над 29% од Албанците во институциите, на ТВ интервју продолжуваат да го релативизираат нивното минато политички дејствување, нарекувајќи го „експеримент што не успеал“. Но проблемот не е неуспешниот политички експеримент. Проблемот е што пристапот на експериментирање со Албанците продолжува – со реални и опасни последици“, …
Continue Reading
Горан Минчев со граѓаните на Тетово: „Локалната промена почнува со Вас“
Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Горан Минчев, во рамки на кампањата „Заедно повеќе знаеме“, одржа средба со граѓаните, членовите и симпатизерите во Тетово. Минчев порача дека Тетово заслужува транспарентно и ефикасно управување, развој на инфраструктурата и враќање на довербата во локалната власт. „Граѓаните се нашите партнери – заедно ќе изградиме програма што одговара на вистинските потреби …
Continue Reading
Движењето ЗНАМ за наша Македонија од Куманово ја започнува кампањата „Заедно повеќе знаеме“
Вчера дел раководството на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија на чело со претседателот на партијата, Максим Димитриевски, организациониот секретар Сашо Петрушевски, пратениците Даниел Стојчевски, Даниела Белимова и Миле Цеков, членовите на ИО Катерина Тодороска, Јасмин Циривири и Ивана Ѓорѓиевска остварија средба со сите членови и симпатизери од ОО на ЗНАМ-Куманово. Темите на оваа средба се раководството на партијата директно …
Continue Reading