ЛДП: Се потврди нашето – буџетот немилосрдно се испумпува! Сега скратете ги и измислените функции, непотребните заменици и преплатените управни одбори!
„Либерално-демократската партија (ЛДП) го поздравува конечното признание од Владата дека од државниот буџет со години немилосрдно се испумпуваат и фрлаат милиони евра за фиктивни трошоци. Она за што цело време гласно и гласно предупредувавме конечно се потврди како сурова вистина: во право бевме тогаш, во право сме и сега! Објавата дека се откриени над 4.500 лажни корисници на социјална помош …
Continue Reading
„ДПМНЕ им создаде хаос на занаетчиите и сѐ уште ги држи во неизвесност – луѓе остануваат без здравствено, со блокирани сметки и неизвесна егзистенција“, велат од Левица
„Поминаа недели откако Левица реагираше за хаосот што УЈП го создаде со новиот начин на пресметка на придонесите за занаетчиите, а проблемот и натаму не е решен! И денес имаме занаетчии кои не можат да платат ниту придонеси, ниту данок, додека институциите сè уште “координираат“ што и како треба да функционира. За луѓето што живеат од сопствениот труд, секој изгубен …
Continue Reading
„Филипче проговори за скандалот тежок 37 милиони евра дури откако се скара со Петровска, Обвинителството да го повика на информативен разговор“, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Откако се продлабочи политичкиот конфликт меѓу Венко Филипче и Славјанка Петровска, Филипче излезе со сериозни обвинувања за наводен скандал вреден 37 милиони евра, поврзан со периодот кога Петровска беше министерка за одбрана. Филипче да не молчи и да престане со двојните аршини, доколку навистина се залага за европски вредности и борба против корупцијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче да каже од …
Continue Reading
„Предупредувавме, сега се случува: Ново задолжување од 250 милиони евра за до крај на годината!“, велат од СДСМ
„Се случува тоа што СДСМ и претседателот Филипче предупредија. Владата на арамијата Мицкоски не може да ја заврши годината без нови задолжувања. На седница одржана на 29 септември Владата на Мицкоски одобрила ново задолжување до 250 милиони евра преку издавање должнички хартии од вредност на меѓународниот финансиски пазар. Парите се за буџетска поддршка“, велат од СДСМ. „Ново задолжување од 250 …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на Ковачевски и Груби
Осомничените за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги во „Државна лотарија“ се вработени во компанијата уште од времето на Димитар Ковачевски, кога Артан Груби беше вицепремиер, а Перпарим Бајрами генерален директор, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека јавноста треба да знае од кога овие лица работат во компанијата, во период кога, како што посочуваат, биле направени и …
Continue Reading
Починати, отселени, лажни лица биле корисници на социјална помош, соопшти Мицкоски
Повеќе од 4.500 лица биле откриени како спорни корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски анализирајќи го делот на социјалната политика. „Дојдовме до едно интересно откритие при анализа на ГМП – корисници на гарантирана минимална помош или социјална сигурност, овој месец фактурата, по спроведена детална анализа, но и проверка на терен, во споредба со …
Continue Reading
Очекувам некој дијалог на коњопој, вели Мицкоски по барањето Муцунски да се сретне со Петрова
Официјална Софија се уште не испратила одговор на барањето за средба за продолжување на дијалогот за надминување на недоразбирањата кои се пречка на патот кон ЕУ, испратено од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. Министерот го испрати барањето откога тоа од него го побара премиерот Христијан Мицкоски, кој пак доби совет да побараме средба од претседателката на Европската Комсија, Урсула …
Continue Reading
(Видео) Нема зголемување на старосната граница за пензионирање, ниту зголемување на придонесите, Мицкоски вели пензискиот систем е стабилен
Пензискиот систем ниту е пред колапс, како што предупредува опозицијата, ниту пак ќе се зголемува старосната граница за пензионирање или придонесот за пензиско осигурување. Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека пензискиот систем е стабилен и покрај повиците од директорот на Фондот за пензиско осигурување дека мора да се најде начин да пораснат придонесите за пензиите. „Ние во моментот имаме стабилен пензиски …
Continue Reading
Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им пречи што Фон дер Лајен ги пофали реформите, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Талогот на општеството Жерновски излезе и ништо паметно не кажа, туку како папагал ги повтори предавничките политики на неговиот шеф Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако на прес-конференција Андреј Жерновски од СДСМ посочи дека претседателката на ЕУ му ја кажала на Мицкоски вистината во очи. „Наместо да си губи време, можеше само да рече дека се појавил оти му наредиле да …
Continue Reading