ЛДП: За владините функции има пари, а за судии и обвинители нема
Правосудниот систем во Македонија се соочува со сериозни проблеми поради недоволното финансирање, недостигот од кадар и политичките влијанија, реагираат од Либерално-демократската партија (ЛДП), повикувајќи се на единаесеттиот Извештај во сенка за Поглавјето 23 на Институтот за европска политика (ЕПИ). Од партијата посочуваат дека 18 од вкупно 34 судови се неажурни, има над 134.000 нерешени предмети, а одредени обвинителства функционираат без …
Continue Reading
(Видео) ДУИ објави снимка со наводното полициско насилство, случајот е во МВР
ДУИ синоќа објави видеоснимка за која тврди дека прикажува полициско насилство врз двајца млади мажи при интервенција во средата. На снимката се гледаат удари, но од неа не може да се утврдат идентитетот на лицата и сите околности на инцидентот. Случајот е во рацете на полицијата. ДУИ побара итна истрага и одговорност за евентуално незаконско постапување.
Continue Reading
Филипче од маршот: Антифашистичкото наследство нè обврзува да ја вратиме државата во служба на народот
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под слоганот „Непокор. Борба. Иднина – 85 години антифашизам“, порача дека антифашистичкото наследство нè обврзува да ја вратиме државата во служба на народот. Филипче истакна дека СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните и на вредностите на антифашистичката борба, и затоа …
Continue Reading
Филипче од маршот на СДСМ: Предците се бореа да имаме држава, ние мора да се избориме младите да останат во неа
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од маршот „Непокор.Борба.Иднина“ во Прилеп, по повод 85 години од Народното востание и антифашистичката борба, порача дека денешната генерација има историска обврска да се избори за иднина во која младите ќе останат во Македонија и тука ќе го градат својот живот. „Пред 85 години нашите предци се бореа да имаме своја држава. Нашата генерација мора …
Continue Reading
Мицкоски: Скопското Кале добива нов лик, ќе го претвориме во врвна туристичка атракција
Скопското Кале ќе се уредува со финансиска и логистичка поддршка од Владата, а премиерот Христијан Мицкоски очекува, доколку активностите почнат годинава и се одвиваат според планот, следната година да го добие изгледот и функционалноста што ги заслужува. Мицкоски рече дека целта е Калето да стане значајна туристичка атракција и да биде дел од Скопје – европска престолнина на културата. „Очекувам …
Continue Reading
Излезот од блокадата со Бугарија е во дијалогот, смета Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека излезот од блокадата со Бугарија треба да се бара преку дијалог и очекува разговорите да продолжат, со приближување на ставовите и постигнување компромис. Одговарајќи на новинарско прашање каде го гледа решението по изјавите дека нема да има препреговарање и уставни измени со одложено дејство, Мицкоски рече дека се радува што дијалогот почнал и што меѓународните …
Continue Reading
ВЛЕН бара темелна истрага за полициско малтретирање врз двајца млади жители на Сарај
ВЛЕН изразува длабока загриженост во врска со случајот на двајцата млади жители на Сарај, кои пријавија дека биле изложени на полициско малтретирање. „Искрено сочувствуваме со нив и со нивните семејства, ја споделуваме нивната вознемиреност и нагласуваме дека секој граѓанин има право на достоинствен третман, заштита и правда. Како албанска политичка партија на власт, ВЛЕН од самиот почеток активно се интересира …
Continue Reading
Филипче препишува изјави од тетратката на Румен Радев, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче постојано повторува дека подобра преговарачка рамка немало. Но токму таа преговарачка рамка е она што ја држи државата заглавена пред вратата на ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Филипче препишува од тетратката на Румен Радев и на Петрова Чамова и ја повторува тезата дека бугарското барање е европска позиција а не билатерален спор. Потоа се жали по јавни настапи …
Continue Reading
Алијанса за Албанците: Ние не сме гости во оваа држава и нема да прифатиме да бидеме заложници на ничии политички калкулации!
„Ние, Албанците, отсекогаш сме ги почитувале и поддржувале идентитетот, јазикот и достоинството на нашите сограѓани Македонци, дури и кога таа почит не била взаемна. Никогаш не сме го оспорувале нивниот идентитет, додека ние самите и понатаму сме дефинирани во Уставот со понижувачката формулација од 20 проценти“, велат од Алијансата за Албанците. „Албанците сочинуваат речиси една третина од населението. Ние не …
Continue Reading