(Видео) МВР предаде обемна документација за истрагата за Кочани и никој не е поштеден, вели Петрушевски
Пукна балонот на лаги и манипулации на СДС во врска со истрагата за несреќата во Кочани. Сите може да видат дека институциите постапуваат професионално и неселективно, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Потенцираме дека МВР и институциите на системот ги доставиле сите потребни докази и информации за несреќата во Кочани до јавното обвинителство уште пред еден месец. Сите преземени акции …
Continue Reading
Укинувањето на царините за стоките од САД не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор, вели Стојанова
Со новите измени и дополнувања на законот за царински тарифи, Собранието ќе даде зелено светло на планот на Владата, да се намалат царински давачки на голем број суровини и репроматеријали кои што се користат во домашната индустрија и енергетика, изјави Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ. „Списокот со околу 70 производи кој е составен на транспарентен и инклузивен начин, во соработка …
Continue Reading
Оставки од Тошковски и Јанев и кривична одговорност, бара СДСМ
Последната акција на ОЈО ГОК потврди сè. СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден. Уапсените полициски службеници вчера се лица кои СДСМ ги објави во серијалот „Вистината за Кочани“ како директно одговорни за дозволување на нелегалното работење на „Пулс“, велат од опозициската партија. „Благодарение на објавените факти и притисокот, конечно се постапува. Но, останува фактот дека четири месеци …
Continue Reading
„ЈО не смее да затвора очи при очигледните сомнежи за криминал и милионските суми кои завршиле во бугарските фирми на Заев и Филипче“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Помина веќе една недела како ги покренавме прашањата за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е 100% сопственост на Венко Филипче, и е на иста адреса со фирмите на Заеви, за три пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година, за најскапиот договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од …
Continue Reading
(Видео) Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Се знае ли кој е државен секретар во Министерството за култура?
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Прашањето се однесуваше на прекинувањето на значајни проекти во културата и на фактот дека незаконски се претставува кој е државен секретар во Министерството за култура. „Драго ми е што ги продолжувате проектите коишто беа наследени, како што …
Continue Reading
(Видео) Битиќи до Кочоска: Фирмите страдааат, кога ќе обезбедите поврат на ДДВ кон сите компании
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, а се однесуваше на доцнењето на повратот на ДДВ. Битиќи потенцираше дека одредени компании добиваат приоритет при поврат на ДДВ, додека други, кои исто така имаат еднакви законски права, се оставени да чекаат. „Според информациите што пристигнуваат од различни …
Continue Reading
(Видео) Спасовски: Не треба да правите политиканство, помошта за повредените и семејствата на загинатите во Кочани треба да биде најголем приоритет
СДСМ на денешената собраниска седница побара Законот за Кочани да биде прва точка на дневен ред во Собранието Пратеникот Оливер Сапасовски, истакна дека, оваа помош и поддршка за повредените и семејствата на загинатите треба да биде најголем приоритет во моментот. -Сè друго што денеска го гласаме како итна постапка или по скратена постапка резултираше со незаконски решенија, особено оние закони …
Continue Reading
Мицевски: Потврда за политиканство на сметка на болни теми за македонскиот народ
Во своето денешно обраќање на пленарната седница, пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Никола Мицевски, остро реагираше на, како што рече, политиканството што се прави врз грбот на болните прашања за македонскиот народ, посочувајќи ја точката за Кочани како пример. „За потврда на она што го зборувам цело време дека тука се прави политиканство …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: Расипничка власт, 3 милиони евра за мобилни телефони додека народот нема за леб
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење на парите на народот и целосна одлепеност на власта за реалните потреби на граѓаните, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Само во првите пет месеци од оваа година, според неа само дел од институциите под капата на власта склучиле договори за мобилна телефонија и интернет во вредност од 2,9 милиони евра. „3 милиони …
Continue Reading