Петровска до Николоски: Спроведовте ли надзор над општина Чаир за дивоградбите?

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во рамките на седницата на Парламентот посветена на пратенички прашања, до министерот за транспорт Александар Николоски упати прашање дали наредил или спровел надзор во врска со законитоста на работењето на општина Чаир во областа на урбанистичкото планирање, изведувањето на градби, бесправно изградените објекти, комуналните работи и домувањето. „На интернет страницата на Министерството, е објавен документ …

Continue Reading

Стојаноски: Конечно се зборува за тоа колку километри автопатишта се градат, тоа е едно нормално, коешто граѓаните на оваа држава го заслужуваат

На денешната собраниска седница, посветена на пратенички прашања свое обраќање имаше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој постави три прашања кои се однесуваа до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Стојаноски праша кои се идните чекори коишто се планирани во насока на подобрување на здравствената инфраструктура, бидејќи како што кажа тој истото е една од општествените сфери кои најмногу ги интересираат …

Continue Reading

Mинистерството за енергетика е пример за тоа како чесно и транспарентно се работи за поставување на темелите на енергетската независност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Новоформираното министерство за енергетика е пример за тоа како чесно и транспарентно се работи за поставување на темелите на енергетската независност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според владејачката партија, Министерството за енергетика за само една година направи резултати кои се видливи, граѓаните добиваат стабилен, модерен и независен енергетски систем. „СДС денес повторно ја користи …

Continue Reading

(Видео) Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

На денешната седница на пратенички прашања, претседателот на СДСМ Венко Филипче со предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска со најавите за можно прифаќање на амандман во Европскиот парламент што би го релативизирал статусот на македонскиот јазик. „Се поставува прашањето: дали е загрозен јазикот и идентитетот?“ – праша Филипче. Тој потсети на конкретни документи кои јасно го утврдуваат македонскиот …

Continue Reading

ДОМ со поддршка за граѓанскиот отпор против хидроцентралите на Кожуф

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува целосна поддршка на граѓанската иницијатива за заштита на планината Кожуф од изградба на мали хидроелектрани и се солидаризира со активистите и здруженијата кои денес го формираат живиот штит и организираат блокади за да ја спасат планината од еколошка деградација. „И покрај претходните ветувања од институциите и политичките партии и покрај јавниот отпор уште во …

Continue Reading

Мицкоски до Филипче: Зошто преговаравте за македонскиот идентитет и јазик, ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја внесе Македонија во ЕУ со македонски идентитет и јазик, а не како „модерни“ Македонци, затоа што се виде дека суштината на Бугарија не е Бугари во Устав, туку да создаде нов „модерен“ македонски идентитет и јазик, нешто на што, како …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Сања Божиновска создаде хаос во енергетиката кој го плаќаат граѓаните

По една година власт на ВМРО-ДПМНЕ и министерувањето на Сања Божиновска во новоформираното Министерство за енергетика, можеме јасно да заклучиме: 0 резултати, 0 реформи, 0 проекти, обвини Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Гледаме е целосен распад на енергетскиот систем, поради неспособноста на Божиновска. ЕСМ како најголем производител на електрична енергија потфрли за цели 35% од планираното производство за 2025 година. Официјалното …

Continue Reading

(Видео) Мицевски: СДС и Венко Филипче ја злоупотребуваат трагедијата во Кочани за ситни политички поени

СДС и Венко Филипче ја злоупотребуваат трагедијата во Кочани за ситни политички поени. Само СДС може да користи трагедија како таа во Кочани за политички калкулации, вели Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Некрофилијата на СДС оди дотаму што ја подгреваат атмосферата од Советот на општина Кочани преку нивниот тепач, до јавниот настап на нивните функционери и …

Continue Reading

ДУИ за Предлог-законот за правична застапеност: Институционална измама

Демократската унија за интеграција загрижена поради усвојувањето на Предлог-законот за правична и соодветна застапеност од страна на Владата, закон кој, според оваа партија, суштински не нуди решение, туку манипулира, продлабочувајќи ги нееднаквостите во застапеноста и избегнувајќи ги уставните обврски. „Јавното дистанцирање на албанскиот член на работната група, проф. д-р Мерсим Максути, е најјасен аларм дека овој предлог-закон е неуспешен во …

Continue Reading