ВЛЕН: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот
Повеќе од 20 години на власт, ДУИ со своите деструктивни политики не донесе развој, туку иселување. Не само што ги натера стотици илјади Албанци да емигрираат, туку со пописот на населението во 2021 година ги избриша и оние што останаа. Пописот се претвори во средство за намалување на реалноста на Албанците во државата, додека раководството на ДУИ, како и секогаш, …
Continue Reading
(Видео) СДСМ: Превоз на ученици што чини 50 денари, градоначалникот на Карбинци го наплаќа 1.013 денари
ВМРО-ДПМНЕ прави грабеж и во Карбинци, превоз на ученици што чини 50 денари градоначалникот го наплаќа за 1.013 денари, обвини Јордан Насев од СДСМ, претседател на ОО Карбинци. „Ja алармираме јавноста и надлежните институции за скандалозното, коруптивно и расипничко трошење на јавните пари во општина Карбинци, под раководство на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Паунов. Денеска го објавуваме првиот скандал, малверзации …
Continue Reading
(Видео) „Хаос на Онкологија, пациентите со рак на бели дробови власта повторно ги остави без терапија“, велат од СДСМ
„Состојбата во здравството е катастрофална и нечовечна. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, министерот за здравство и директорот на Фондот за здравство ги оставија пациентите со рак на бели дробови без терапија. Додека министрите заедно со уште по мининимум 5 до 10 луѓе од кабинетите патуваат на скапи службени патувања, пациенти со рак умираат во неизвесност, без основна хемотерапија, без лек“, кажа Елена …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Раст на платите во образованието за над 12 проценти, нови училишта, спортски сали, изградба на факултетските објекти и зголемени стипендии
„Наследството во образованието што го оставија СДС и ДУИ беше катастрофално, образованието беше во длабок минус, учениците без учебници, наставниот кадар и стручниот персонал без достоинствени примања, а образовната инфраструктура целосно запоставена. За една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се започна со градење на модерен систем на образование кој ги вклучува сите чинители“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „За прв пат после …
Continue Reading
Мицкоски ја доби тужбата против Славјанка Петровска за клевета
Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда во корист на премиерот Христијан Мицкоски, утврдувајќи дека пратеничката од СДСМ и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, јавно ширела невистини и клевети против него. Како што информира премиерот преку објава на социјалните мрежи, судот ѝ наложил на Петровска не само да се извини, туку и да ја објави пресудата во медиумите. „Ова …
Continue Reading
Град Скопје: Обвинителството го отвори првиот случај за дивоградбите во Чаир
Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава за фалсификати поврзани со градби во Општина Чаир, информираа денеска од Град Скопје. Според соопштението од прес-службата, истрагата се однесува на сомневања за фалсификување на документи и незаконска легализација, а се поврзува со поранешниот градоначалник на општината, Висар Ганиу. „Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава со фалсификатите. Таму …
Continue Reading
Димитриевски по реизборот: Ќе градиме нови лидери за нова Македонија
На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата од делегатите и беше реизбран за претседател на партијата. Во своето обраќање тој порача дека ЗНАМ останува нова политичка сила што работи со и за граѓаните, а неговата цел е да создаде нови лидери и да го трансформира движењето во сериозен политички …
Continue Reading
Нов удар за СДСМ, Партијата на пензионери преминува кај ВМРО-ДПМНЕ
Уште една партија ја напушта коалицијата на СДСМ. Партијата на пензионери официјално соопшти дека излегува од досегашната коалиција со СДСМ и дека на наредните локални избори ќе настапи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на партијата, Илија Николовски, изјави дека одлуката е донесена врз основа на волјата на членството, при што околу 90% од членовите се изјасниле дека сакаат коалиција со …
Continue Reading
Скандалозен тендер за возачки испити, СДСМ бара истрага и одговорност од Тошковски
СДСМ алармира за нов скандал во Министерството за внатрешни работи, овој пат поврзан со сомнителен тендер вреден милиони денари за лиценца за организирање возачки испити во Пелагонискиот регион. Министерот Панче Тошковски, како што изнесува потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, доделил тендер на новоформирана фирма „Супер Возач“, регистрирана само три месеци пред распишувањето на тендерот. Според Шукова, зад оваа фирма стои …
Continue Reading