ДУИ: Не смееше да се дозволи изјавата на Комесарката да стане цел на кампања на омраза и потсмевање

„Комесарката за проширување, Марта Кос, е искрен и значаен пријател на нашата држава. Не само поради нејзината актуелна функција, која е клучна за нашиот пат кон Европската Унија, ниту само поради нејзината лична врска со регионот, што само по себе претставува уникатна можност за нас, туку пред сè поради нејзиниот длабоко европски пристап кон почитување на различностите и заштита на …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот за градоначалник на Штип покажува колку СДС е безнадежна и нереформирана партија

Кандидатот за градоначалник на Штип покажува колку СДС е безнадежна и нереформирана партија, длабоко заробена од тандемот Заев-Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС за кандидат за градоначалник на Штип, излезе со потрчко од истата бизнис шема на Заеви и Венко Филипче, добро познатиот Павел Иванов. Павел Иванов е познат бизнис партнер и продолжена рака на Заев и Венко Филипче, а со …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Пуштени во употреба експресните Страцин – Крива Паланка, Градско – Фариш, започната изградба на автопатите од коридорите 8 и 10Д

„По наследениот пустош, се градат темелите во инфраструктурата, Македонија инфраструктурно се развива, модернизира и трансформира. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за една година покажа како со интензивна, посветена и чесна работа можат да се завршат и отпочнат големи инфраструктурни проекти, со цел внатрешно и меѓународно поврзување на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа што владата на СДС и ДУИ не можеше да …

Continue Reading

Изет Меџити заложник на индустријата за игри на среќа, да ја запре еколошката катастрофа на Кожув, бара АА

Неприфатливото однесување на министерот за екологија, Изет Меџити, укажува на политичка и финансиска заробеност, што го прави заложник на индустријата за игри на среќа и го спречува да преземе неопходни мерки за заштита на животната средина. Упатуваме јасен повик до Меџити и надлежните институции итно да преземат конкретни чекори за запирање на еколошката катастрофа на Кожув, повика Алијанса за Албанците. …

Continue Reading

Арсовска до амбасадорката Агелер: „Не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи упати прашање до американската амбасадорка Анџела Агелер. „Добро утро Амбасадорке Агелер, среќен нека е денот на независноста на САД. Само да прашам, не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости вчера што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции. Овие двајцава незгодно насмеани …

Continue Reading

Мемов: СДСМ се во паника по конгресот на ЗНАМ: тие не знаат поинаку освен да служат на ДУИ, на бегалецот Груби и на двоецот Заев-Филипче

СДСМ денес, повторно и очајно, се обиде да ја маскира сопствената безидејност и внатрешна распаднатост со кукавички, плиток и патетичен напад врз Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакнува портпаролот на партијата Никола Мемов. Според него, прес-конференцијата на нивниот гласноговорник, Мартин Костовски е неуспешен обид за дефокус по историскиот, силен и масовен Конгрес на Движењето ЗНАМ, кој испрати порака до …

Continue Reading

Филипче: Не е време за калкулации, ниту за ситнопартиски интереси, СДСМ останува силен промотор на европската идеја

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за евроинтеграциите на Северна Македонија е силна и континуирана. „Имавме одлична и многу конструктивна средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос. Оваа средба е доказ за континуираната, искрена поддршка која ЕУ ѝ ја дава на земјата на патот кон конечната цел …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, по лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст што се одржува во Скопје. Тој кажа дека Западен Балкан се приближува кон Европската Унија не со зборови, туку со дела, со реформи, …

Continue Reading

(Видео) Костовски: Максим Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и привезок на Мицкоски

Максим Димитриевски е најголемото политичко разочарување и најголема измама. Ветуваше независност и чесност, а заврши како тројански коњ, слеп извршители на политичката агенда на ВМРО-ДПМНЕ, небитен фактор и лажен патриот, целосно заглавен во криминал и корупција, изјави Мартин Костовски – организациски секретар на СДСМ. Тој обвини дека за само една година, Димитриевски ги погазил сите свои изборни ветувања. „Неговиот лажен …

Continue Reading