Орце Ѓорѓиевски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, да биде кандидат за градоначалник на Градот Скопје. Одлуката ја соопшти Христијан Мицкоски, кој рече дека анкетите покажуваат оти води убедливо и како градоначалник на Кисела Вода покажа дека умее и сака да работи за граѓаните. „Орце е докажан работник, а делата говорат за него“, рече Мицкоски. …

Continue Reading

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Куманово не смее да падне во рацете на Мартин Костовски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска го критикуваше кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски, обвинувајќи го за низа спорни постапки и поврзаност со, како што рече, старата матрица на владеење. Петрушевски потсети дека Костовски, како директор на Службен весник, го објавил Законот за двојазичност без потпис на претседателот на државата, што претставува директно кршење на Уставот. Тој …

Continue Reading

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

Животниот стандард никогаш не бил полош, граѓаните имаат се’ помалку за живот. За 20 отсто е намаена куповната моќ на граѓаните- односно за 20 проценти помалку работи можат да купат сега отколку пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, истакна на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова. Шукова нагласи дека платите не растат, а цените секојдневно одат нагоре. „Македонија е претпоследна …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Обезбедени 13,7 милиони евра за заостанати обврски, започна модернизација на Армијата

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ за време на своето седумгодишно владеење не само што била неспособна да реализира големи проекти, туку и редовните обврски кон вработените во Армијата и Министерството за одбрана биле системски занемарени. Според партијата, СДСМ со години не исплаќала надоместоци предвидени со закон, што резултирало со бројни тужби. Со преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ обезбедила 13,7 милиони евра за …

Continue Reading

(Видео) Според СДСМ, надворешната политика доживува дебакл

Андреј Жерновски од СДСМ, на денешната прес-конференција ја оцени надворешната политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дебакл без ниту еден успех. Жерновски изјави дека, по една година владеење, Македонија се соочува со „сериозно влошена меѓународна позиција“, без напредок на европскиот пат, без нови инвестиции и со зголемена царина од страна на САД. Според него, министерот за надворешни работи Тимчо …

Continue Reading

(Видео) Мицевски: Кандидатите на СДС се истите од претходните избори, избрани по волја на Заев

Пратеникот и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, на прес-конференција одржана на 5 јули, изјави дека кандидатите на СДСМ за претстојните локални избори се истите кои се појавиле и во претходните два изборни циклуси. Според него, тоа претставува доказ дека, како што рече, „Зоран Заев ги одбира кандидатите, а Венко Филипче ги потврдува“. Мицевски ги посочи примерите на …

Continue Reading

(Видео) СДСМ Куманово: Димитриевски влезе во коалиција со Мицкоски за да се спаси од судски прогон

Соња Тодоровска од СДСМ Куманово, се осврна на одлуката на Обвинителството да се откаже од постапката против Максим Димитриевски. Според Тодоровска, повлекувањето на Обвинителството го открило, како што рече, вистинскиот договор меѓу Димитриевски и Христијан Мицкоски. Таа обвини дека Димитриевски добил заштита од актуелната власт, а неговото коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ го оцени како обид да избегне одговорност. „Максим Димитриевски не …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: 120 нови електронски услуги, признавање на електронските документи

Македонија дигитално се трансформира, за прв пат донесен е Закон за Сајбер безбедност, 120 нови електронски услуги, признавање на електронските документи, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја наследи Македонија со целосно уназадена дигитализација. Наместо за седум години власт на СДС да ги унапредуваа дигиталните услуги, тие како да сакаа државата да ја вратат децении назад. Но, за …

Continue Reading

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица. Ова тој го објави и на социјалните мрежи. Некогаш, за да си ги видиш луѓето околу себе, не треба повеќе од една реченица. Толку е доволно да го прочиташ пулсот. Да видиш кој што мисли, кој мисли како тебе, кој не мисли воопшто. Да видиш …

Continue Reading