(Видео) Мицкоски: Иднината на државата започнува од секое село и секоја општина

Премиерот Христијан Мицкоски, во обраќање посветено на локалниот развој истакна дека иднината на земјата започнува од силните локални заедници. „Живееме во свет што станува се подинамичен, понекогаш непредвидлив, исполнет со глобални предизвици, но и со големи можности. Во таков свет, секоја држава мора да го постави својот модел на развој. А најсилни ќе бидат оние што ќе изградат силни локални …

Continue Reading

Повеќе нови службени возила отколку што има вкупно амбулантни – Левица бара средства за здравството и Центар за изгореници

Пратеничката група на Левица поднесе амандмани на ребалансот на Буџетот за 2025 година, со кои предлага зголемување на средствата за јавното здравство. Со еден од амандманите се предлага издвојување на 1 милион евра за набавка на нови амбулантни возила, имајќи предвид дека, според нив, просечната старост на возниот парк на итната медицинска помош во државата изнесува 14 години, а над …

Continue Reading

„Алармантно – Албанците систематски се исклучуваат од институциите, во Одбрана, од 26 нови вработувања, 25 се Македонци, а само еден е Албанец“, вели ДУИ

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради алармантното ниво на дискриминација против Албанците во државните и јавните институции. Најновиот пример доаѓа од Министерството за одбрана, каде што од вкупно 26 нови вработувања, 25 се Македонци, додека само еден вработен е Албанец, јасен доказ за организирана политика за исклучување на Албанците од институционалниот живот во Република Северна Македонија“, велат од …

Continue Reading

„Владата ги остави граѓаните сами против пожарите, импровизацијата на Мицкоски скапо ја чини Македонија“, вели СДСМ

„Владата повторно ги остави граѓаните сами да се борат со пожарите, гледаме катастрофална неподготвеност на институциите. Само еден ден откако завршија со ПР и сликање со импровизираните хермелини, реалноста им се удри од глава на Мицкоски и Ангелов. Минатата година изгореа речиси 10% од територијата на државата и тогаш СДСМ им беше крив за пожарите иакко додека СДСМ беше на …

Continue Reading

(Видео) Спасовски: Власта повторно не покажа ниту одговорност, ниту волја за помош за жртвите во Кочани, не гласаа за амандманот на СДСМ

Владата не само што не покажа слух и не го прифати амандманот на СДСМ, истовремено не понуди ниту образложение зошто нема потреба да се прифаќа амандман за помош на семејствата на настраданите во Кочани, потенцираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција откако на амандманската расправа за ребаланс на Буџетот, пратенците од власта не гласаа за …

Continue Reading

Стојаноска: Да бидеме вистински пријатели на Кочани, Владата има план како да се помогне, да внимаваме да не се политизира трагедијата

Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието повика на воздржаност. Таа нагласи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува координирана акција за помош и има јасен план за долгорочна поддршка на повредените и семејствата на загинатите од трагедијата во Кочани. ,,Денес, а и многу пати наназад после несреќата, премиерот соопшти дека Кочани е приоритет …

Continue Reading

Градоначалникот на Кочани: Аплициравме за мерката за пожарите, формуларот уредно е испратен

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува кочанскиот гадоначалник, Венко Крстевски, за опасна незаинтересираност и загрозување на јавната безбедност, по објавата на Владата дека оваа општина не аплицирала за новата мерка во борбата со пожарите, преку ангажирање на 400 лица во општините за гаснење, кои ќе добиваат месечни примања. Претходно денес, владината портпаролка, Марија Митева, изјави дека мерката опфаќа 14 општини, односно сите општини во …

Continue Reading

(Видео) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе амандман во Собарнието со кој се бара финансиска поддршка за семејствата на загинатите и повредените во најголемата трагедија во поново време — пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 62 лица, а над 250 беа повредени со трајни последици. – Ова е еден од клучните амандмани поднесени на ребалансот на Буџетот, …

Continue Reading

Минчев: Воведуваме нов, функционален систем за управување со човечки ресурси

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска на презентацијата на модернизираниот Информациски систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), упати јасна порака дека владеењето на нефункционалност, нетранспарентност и бирократски хаос завршува. Македонија влегува во нова ера на ефикасна и отчетна администрација. „Денес не претставуваме само софтверско решение, денес презентираме симбол на одлучност, на трансформација и на нова култура на управување …

Continue Reading