Филипче: Никој од Бугарија не смее да ги навредува нашите институции, ја осудувам изјавата на нивниот министер

Филипче ја осуди изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи кој го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, истакнувајќи дека такви изјави не се во духот на демократијата и добрососедството. „Ја осудувам изјавата, затоа што сметам дека не е во духот на демократските вредности, не е во духот на цивилизациските вредности, ако сакате. Не може ниту еден политичар од Бугарија да ги …

Continue Reading

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ветуваше подобра преговарачка позиција, донесе единствено понижувања на државата

По преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ наследи стабилна и јасна позиција во евроинтегративниот процес со загарантиран македонски јазик во Европската Унија и јасен пат за напредок, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги оствари ниту едно од ветувањата за подобра преговарачка позиција. „Ветуваа и лажеа дека можат подобро. …

Continue Reading

ДУИ: Силен шамар од Брисел, Северна Македонија лабораторија на влијанијата од „српскиот свет“, Русија и Кина

За ДУИ, најновиот извештај на европратеникот Томас Вајц во Европскиот парламент претставува алармантно обвинение за насоката во која се движи Северна Македонија под раководство на коалицијата ЗНАМ–ВМРО–ВЛЕН. Овој извештај, велат од партијата на Ахмети, потврдува токму она на што ДУИ со месеци предупредува: државата се претвора во експериментален терен за најдеструктивните антизападни влијанија на континентот. „Според извештајот, Северна Македонија станала …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Пожарите се подметнуваат намерно, а СДС се сити и се обидува да печали политички поени

Пожарите се подметнуваат намерно, а СДС се сити и се обидува да печали политички поени, оцени на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Како што рече, на неколку локации каде се локализирани пожари и во Скопско и низ државата се забележани гуми кои се фрлани со цел да се распламти и разгори пожарот. „На одредени места пронајдени се и ракавици, …

Continue Reading

(Видео) Ковачки: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и удирање на идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволуваше

Вчера на површина излегоа сите лаги на СДС и на Бугарија. Сите тези дека само да влезат Бугари во Устав и влегуваме во ЕУ се покажаа како целосна невистина, истакна на прес-конференција Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.  Според него, гласањето во ЕП за бришење на термините македонски јазик и идентитет од Извештајот за напредокот на Македонија, покажа дека Бугарија нема …

Continue Reading

„Во време на СДС додека гореше државата Заев и Филипче беа на грчките плажи, сега сликата е поинаква“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС треба да се срами што го лаже и манипулира народот, бидејќи вчера претседателот беше на состанок на кризен штаб на кој беа преземени сите потребни чекори за борбата против подметнатите пожари“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „За разлика од порано кога Заев и Филипче се сончаа на грчките плажи додека Македонија гореше, сега сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ вклучувајќи …

Continue Reading

Димитриевски: Македонија мора да се обедини доколку сака да се зачува и опстане

Претседтелот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски на денешната прес-конференција рече дека вчерашниот ден, на прв поглед, изгледал како и секој друг, но по својата суштина, тој е дел од истата историска нишка што ја ткае македонската борба со векови. Вчера бевме сведоци на уште една страница од истата книга, книгата на македонскиот отпор, на истрајноста, на …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција, Македонија станува значајна енергетска крстосница во регионот

За разлика од минатите 7 години на нестручно и недомаќинско владеење на СДС и ДУИ со енергетскиот сектор кој доведе до девастација на електро енергетските капацитети и неколку кратно зголемување на сметките за електрична и топлинска енергија на граѓаните сега се поставени темелите за енергетска стабилност и независност, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција. Се градат …

Continue Reading

СДС се сити на пожарите, постојано се подметнуваат, а тие шират политички хаос и прават политички маркетинг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според партијата на власт, во СДС ништо не се менува и СДС продолжува со истата политичката матрица секогаш кога има национална трагедија или природна катастрофа да се обидат да ќарат политички поен плус. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека СДС ликува на пожарите, додека некој постојано подметнува пожари низ државата, СДС се сити низ соопштенија. „СДС заборава дека додека Македонија гореше во …

Continue Reading