(Видео) Мицкоски: Зголемена е наплатата на приходи од Царината, тоа е резултат на принципиелна работа и борба против криминалот
„За една година, со напорна работа, со визија и со домаќински пристап, ја враќаме државата на нозе – дел по дел, институција по институција, систем по систем. Еден од тие столбови што го гради новото време, што ги поставува темелите на промените, е токму Царинската управа. Податоците сами по себе многу говорат“, кажа премиерот Христијан Мицкоски, на настан на Царинската …
Continue Reading
„Пожарите беа цел на група на лица кои не и мислат добро на Македонија, СДС освен што е некрофилска е и пироманска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Пожарите кои беа чести изминатава недела, беа организирани од група на лица кои не и мислат добро на Македонија, СДС освен што е некрофилска е и пироманска. За среќа, оваа слика исчезна со брзата реакција на Владата и институциите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Прашањето е дали оваа група на луѓе, која палеше низ државата, имаше за цел да создаде хаос низ …
Continue Reading
„Влен“: Коридорот 8 се гради со забрзано темпо
„Еден по еден, проблемите можат да се решат, треба да се решат и ќе се решат! Тоа е ангажманот на ВЛЕН, а овој ангажман доби конкретна форма со пуштањето во употреба на дел од автопатот Кичево–Охрид, како дел од Коридорот 8, еден од најстратешките проекти за развој на државата“, велат од „Влен“. „Овој капитален проект, кој со години стагнираше и …
Continue Reading
„Охридско лето без албанска култура, уште еден доказ за систематска исклученост“, велат од ДУИ
„Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана од јавните институции на земјата, се одвива без никакво претставување на албанската култура во официјалната програма. Во една држава каде Албанците претставуваат значаен дел од населението и културниот живот, целосното исклучување на секој албански елемент од еден национален фестивал е неприфатливо и загрижувачко“, велат од ДУИ. „Официјалната програма на „Охридско лето“ вклучува концерти, …
Continue Reading
СДСМ бара оставка од Тошковски: Криминалците управуваат со улиците, МВР не функционира
По трагичниот случај во Прилеп, од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро реагираат на, како што велат, целосно излезената од контрола безбедносна состојба во државата и бараат итна оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. „Ќе ги почекаме официјалните информации за конкретниот случај во Прилеп пред да го коментираме, затоа што не сакаме да злоупотребуваме ништо. Но она што е …
Continue Reading
Петрушевски: Приведени осомничени за подметнување пожари, дел поврзани со опозицијата
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вели дека последните пожари што ја зафатија околината на Скопје, според досегашните информации, не биле резултат на несреќа или случајност, туку дел од намерна и координирана акција. Тој рече дека Министерството за внатрешни работи пронашло јасни докази за подметнување, дрва натопени во бензин, ракавици и автомобилски гуми на неколку локации каде што избувнале пожари. „Институциите …
Continue Reading
Вреди со жесток напад: Институциите се претворени во приватна каса на функционерите на ДУИ
Од Вреди упатија жестоки критики кон ДУИ, обвинувајќи ги нивните функционери за систематска злоупотреба на институциите преку непотизам и вработувања на блиски роднини во највисокоплатените државни институции. „ДУИ не се плаши од нас, туку од редот, правдата и контролата што ги носиме. Нашата борба не е за власт, туку за права и еднаквост и тоа за секој граѓанин“, порачуваат од …
Continue Reading
Муцунски од „Дубровник Форум“: Во 21-ви век нема место за национализам во Европа
На покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на 18. издание на „Дубровник Форум“ – меѓународна конференција што се одржува денеска и утре во Дубровник, Република Хрватска. Фокусот на дискусиите, како што соопшти МНРиНТ, бил ставен на безбедноста на Западен Балкан и процесите …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека само СДСМ и бугарските политичари ја бранат Арсовска
Некогаш големата СДСМ се сведе заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека и СДСМ во точно три случаи се јавува во јавноста за Данела. „Првиот кога ја напаѓаше дека таа е неспособна и има бугарско државјанство. Вториот случај, кога во опозиција ја користеше за напаѓање на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. …
Continue Reading