Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем ќе ги видиш и ти и цела Македонија
Висар Ганиу лаже, фалсификува, злоупотребува и овозможува на трети лица да се богатат преку градење згради сега кои ги претставува дека се градени до 2011 за да избегнат плаќање комуналии на град Скопје, пишува во објава на социјалните мрежи градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за градоначалникот на Чаир. „Бидејќи сака да спинува со дивоградби кои ги наследил од 2011, кажете …
Continue Reading
Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи од ноември поради изборите, и да даде оставка Владата е во лавиринт, вели Мицкоски
Од ноември Владата ќе продолжи со процесот за разрешување на државниот обвинител онаму каде што застана, рече денес премиерот Христијан Мицкоски. Бариера за процесот е распишувањето на изборите за што премиерот вели дека ќе се случи до крајот на следната недела, па очекува во следниот период Коцевски да се однесува исто како и членовите на Судскиот совет на кои Собранието, …
Continue Reading
Мицкоски: Благодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 проценти, уште преговараме, оптимист сум дека ќе одиме уште подолу
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од новите тарифи на САД кон Македонија од 15 проценти. Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со оваа тема Мицкоски изрази задоволство што Македонија е во групата на држави како Норвешка, Израел и ЕУ, но најави и продолжување на разговорите по кои очекува ново намалување. „Од она што го видовте од соопштението на Кабинетот на претседателот …
Continue Reading
Кој зорт го натера Таравари да биде посредникот на Ахмети кај Мицкоски, прашуваат од „Вреди“
По демаскирањето што му беше направено вчера од собраниската говорница, Арбен Таравари им должи на гласачите искрен одговор: што го натера да ја преземе улогата на посредник на Али Ахмети и на Артан Груби кај Христијан Мицкоски, прашуваат од „Вреди“. „Зошто Таравари побара од Мицкоски да го земе ДУИ во Владата? Зошто овој човек дејствуваше скришно за да го врати …
Continue Reading
(Видео) СДС ја партизираше и полицијата и институциите, во нивно време професионалците беа шиканирани, вели Петрушевски
СДС, токму тие ја партизираа полицијата и институциите. И додека СДС управуваше со институциите, професионалците беа шиканирани, а напредуваа само оние партиски подобните, истаклна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во одговор на новинарско прашање за денешната прес-конференција на потпретседателката на СДС, Ана Чупеска. Новите закони, вели тој, се во насока на професионализација и еднакви можности. „Тој кој е …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: Услугата што ниту еден од СДС не е осуден за висока корупција, Филипче ја враќа со сламка за спас за главниот обвинител Коцевски
Услугата што ниту еден од СДС не е осуден за висока корупција, Филипче ја враќа со сламка за спас за главниот обвинител Коцевски. Фактот што ниту еден функционер од СДС, кои држеа високи државни позиции, и за кои постојат сериозни индиции, но и докази за големи криминали не е во затвор, говори каква е врската на СДС со главниот обвинител …
Continue Reading
Ветингот не го сакаат тие што донираат јавни имоти, прифаќаат сомнителни српски донации и градат дивоградби, велат од ДУИ
Ветингот претставува институционална и општествена нужност, со цел враќање на довербата на граѓаните во правдата, во државните институции и во самиот демократски систем. Цврсто веруваме дека не може да има функционална држава и праведно општество без сеопфатен процес на ветинг со меѓународен надзор, кој ќе донесе транспарентност, отчетност и одговорност на сите нивоа на власта, велат од ДУИ. „Ставот на …
Continue Reading
(Видео) СДСМ со апел до Силјановска: Да не се потпишуваат законите за полиција
Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, денеска на прес-конференција упати јавен апел до претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова да не ги потпише указите за новите Закони за полиција и за внатрешни работи. Чупеска посочи дека измените предвидуваат партизација на полицијата, со што, според СДСМ, се укинуваат професионалните стандарди и се зголемуваат дискреционите овластувања на министерот за внатрешни работи. Таа предупреди и …
Continue Reading
Арсовска за Чаир: Денес 50 дивоградби, утре уште 50, луѓето не заслужуваат да живеат безбедносно загрозени
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска изјави дека до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е доставена обемна документација од 3.200 страници поврзана со сомнителни постапки за легализација и изградба на објекти во општина Чаир. На брифинг со новинарите, Арсовска посочи дека станува збор за згради кои сѐ уште се градат – без документација, без проект, без платени …
Continue Reading