Јавен увид во Избирачкиот список од сабота до 11 септември

Од сабота, 23 август, до 11 септември граѓаните можат да го проверат Избирачкиот список и да поднесат барања за запишување, дополнување или бришење на податоци. Барањата се поднесуваат писмено до ДИК, по електронска пошта или преку месните канцеларии, а решенијата се носат во рок од 24 часа. Заклучениот Избирачки список ќе биде готов најдоцна на 3 октомври, додека политичките партии …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Целосна реконструкција и модернизација на пругата од Скопје до Кичево

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги започна подготвителните активностите за целосна реконструкција на пругата, односно железничката линија од Скопје до Кичево, која е дел од Коридорот 8, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Покрај целосната реконструкција на постојната пруга, која сега е во многу лоша состојба, додаваат од партијата, работните активности опфаќаат целосна модернизација и нејзина електрификација. „Во прва фаза, преку Европската Унија ќе …

Continue Reading

Битиќи: Ја добивме битката, концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, падна на арбитража

Концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, симбол на криминал и коруптивни зделки, падна на арбитража. Државата ја доби битката, нема да плати штета од 115 милиони евра, реагира пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и поранешен вицепремиер. „Да се потсетиме: Случајот односно судските рочишта се затворени во 2023 година. Арбитражниот суд носи конечна пресуда во рок од две (2) години по завршните зборови. …

Continue Reading

Меџити: 65 милиони евра за Универзитетскиот кампус и подземниот паркинг на Плоштад Скендербег во Скопје

Изградбата на Универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“ и подземниот паркинг на Плоштад Скендербег стануваат реалност. За овие крупни проекти се обезбедени 65 милиони евра од државниот буџет, соопшти првиот вицепремиер Изет Меџити. Според него, реализацијата на овие проекти ќе започне многу скоро. „Сè е подготвено за нивниот почеток. Овие инвестиции ќе донесат долгорочни придобивки за студентите, граѓаните и економскиот развој на …

Continue Reading

Го добивме арбитражниот спор со рудникот Казан дол и заштедивме 115 милиони евра

Успеавме да заштедиме 115 милони евра откако го добивме арбитражниот спор со дел од инвеститорите од рудникот Казан дол во Валандово, истакна на денешната прес конференција вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој е и претседател на координативното тело на Владата за арбитражни спорови. “Државата беше тужена од страна на неколку инвеститори во рудникот Казан дол во Валандово. Нивното …

Continue Reading

Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево ќе ги поврзува модерна пруга – Владата почнува со подготвки, ЕУ поддржува со 5,3 милиони евра

Владата донесе одлука за започнување на подготовки за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево на коридор 8, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во прва фаза, преку Европската Унија ќе се обезбеди грант од 5, 3 милион евра за физибилити студија, а носечка институција ќе биде Европската банка за обнова и …

Continue Reading

СДСМ: Дури и нивниот градоначалник од Кавадарци ги демантираше лагите за Еразмус+

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ шири невистини за проектите преку програмата „Еразмус+“, со цел да ја одбрани актуелната в.д. директорка и да ги прикрие криминалните шеми. Од партијата посочуваат дека дури и градоначалникот на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, јавно ја демантирал сопствената партија, објаснувајќи дека проектот за кој тие зборуваат не бил за „тренирање магариња“, туку за обука на ученици …

Continue Reading

Манасиевски: Преку Еразмус+ доделени над 200 илјади евра на брат на пратеник од СДСМ за дресура на магариња и првење сирење

Валентин Манасиевски oд ВМРО-ДПМНЕ, денеска обвини дека преку Агенцијата „Еразмус +“ биле доделени грантови во вредност од 205 илјади евра на Горан Велковски, брат на тогашниот пратеник од СДСМ, Диме Велковски. „83 илјади евра за дресура на магариња и 125 илјади евра за правење сирење, СДС преку Еразмус + доделија на братот на нивниот пратеник,“ изјави Манасиевски. Тој посочи дека …

Continue Reading

„Преку двата повици за општините од Буџетот одвоени 720 милиони денари за 36 спортски објекти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За спорот да се издигне на едно европско и посакувано ниво и спортистите да бележат високи резултати, првенствено, треба да имаат соодветни, современи и модерни услови за нивниот развој. Спортот не е област каде што резултатите можат да се видат на краток рок, со носење на еднократни ад хок решенија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Спортот е област која бара системски пристап …

Continue Reading