ВМРО-ДПМНЕ почнува со кампања за собирање предлози од граѓаните
Од среда, 27 август, ВМРО-ДПМНЕ ќе почне седумдневна теренска кампања за собирање на идеи и предлози за проекти од граѓаните, кои ќе бидат опфатени во програмите на кандидатите за градоначалници. Од 27 август до 3 септември во временски период од 17 до 21 часот, во сите општини низ државата, на плоштадите или прометните локации во истите ќе бидат поставени штандови …
Continue Reading
Зеленски го одликува Митко Јанчев со орден за заслуги
Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, до офликува градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, со орден за заслуги. Оваа награда се доделува за значаен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, добротворната дејност, како и за популаризацијата на украинската држава во светот. Јанчев се најде на листата од 100-тина одликувани личности со орден за …
Continue Reading
„Мицкоски му дели задачи на Орце, како што ѝ делеше и на Арсовска“, велат од СДСМ
„Христијан Мицкоски повторно сака да биде во улога на шпицен градоначалник и им дели задачи на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Овој пат на Орце Ѓорѓиевски, исто како што беше случајот со Данела Арсовска“, велат од СДСМ. „Скопјани добро се сеќаваат: кога Мицкоски и Арсовска делеа задачи и бизниси, сè им функционираше. Заедно ветуваа бесплатен превоз, а Мицкоски највуваше 100 …
Continue Reading
ДУИ: Мицкоски на погрешен пат, неуспесите не се покриваат со клевети
„Изјавите на премиерот Мицкоски и неговите повторни клевети зборуваат повеќе за неговата мака отколку за ДУИ. Наместо да даде отчет за слабите резултати на Владата во секоја област – од економијата до меѓународната изолација – тој се занимава со празни напади кон ДУИ“, велат од Демократската унија за интеграција. „Наместо да измислува имагинарни непријатели, Мицкоски треба да објасни: зошто неговата …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: 4 години локална власт, се градеше и реконструираше патна и подземна инфраструктура, училишта и градинки, спортски центри и терени, градски пазари, пречистителни станици
„Во изминатите четири години локална власт, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, посветено работеа да реализираат проекти кои го подобруваат целокупното живеење на граѓаните. Не беше лесно да се водат општини преземени од претходната локална власт, заглавени во долгови, со блокирани сметки, без никакви проекти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Исто така, не беше лесно работењето со претходната централна власт, која не само што немаше …
Continue Reading
„Влен“: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe-Блаце, но донесе само лаги
„Поминаа 5 години, 7 месеци и 8 дена од свеченото потпишување на договорот за „првите 2 километри“ на автопатот Скопје – Блаце, а ветувањето на Бујар Османи со кое се фотографираше и политички се фалеше остана нереализирано“, велат од „Влен“. „ФБ сесии, фотографи, изјави, скапи видеа, но резултати нула. Тоа е Бујар Османи. Ветуваа автопати, оставија само албуми со слики. …
Continue Reading
Ѓорѓиевски вети дека ќе ги среди проблемите со ЈСП, ако стане градоначалник на Скопје
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска на панел-дискусијата „Локалната и централната власт работат за тебе“ која се одржа во рамки на Саем-Отчет, истакна дека на претстојните локални избори на граѓаните ќе им понуди безбеден и инклузивен град во кој граѓанинот ќе биде во централниот фокус, но пред сè, рече, ќе се посвети …
Continue Reading
Мицкоски очекува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, приоритет ќе биде хигиената во Скопје
Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е што секоја година се обидуваме да иновираме, добро е што другите политички партии од опозицијата можат да следат и да научат нешто ново, коешто, можеби во иднина ќе им биде корисно кога ќе презентираат дел од своите опозициски идеи, коишто, …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ го жртвуваше Скопје за да се пресметува со Арсовска, вели Шукова
Последниве четири години со ВМРО-ДПМНЕ на власт во Скопје видовме што значи хаос, неодговорност и целосно изолирање на интересите на граѓаните, видовме што значи партиските интереси да се пред здравјето на луѓето и заради политички инает да се уништи градот и претпријатијата, а со тоа и животот на граѓаните. Видовме како развојот на градот се кочи поради бизнис договори и …
Continue Reading