(Видео) Стојаноски: Растот на реалната плата е двојно поголем за една година со ВМРО-ДПМНЕ отколку 7 со СДС, а инфлацијата е 30% помала

„Растот на реалната плата е двојно поголем за една година со ВМРО-ДПМНЕ отколку за 7 со СДСМ, а инфлацијата е 30% помала. Имено во период јули 2024 до јули 2025 растот на реалната плата e 6.7%, додека во период јули 2017 до јули 2024 растот бил само 3.5%“, рече Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Реалната плата е вистинската куповна моќ …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Сериозно се подготвуваме за претстојните локални избори, целта е историски резултат

„ВМРО-ДПМНЕ за четири години локална власт покажа дека општините може да се управуваат без афери, без криминал, злоупотреба на народни пари. На крајот на четвртата година од претходните локални избори кои се одржаа во 2021 годината, 42 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека можат да управуваат со општините европски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Оттука, ВМРО-ДПМНЕ сериозно се подготвува за претстојните локални избори …

Continue Reading

Меџити: Буџетот на Чаир, Бујар би го потрошил за една недела, државниот ревизор му ги извади валканите алишта на виделина

Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата „Вреди“, Изет Меџити, денеска реагираше на начинот на кој поранешниот министер Бујар Османи ги менаџирал јавните пари, предупредувајќи дека злоупотребите и вештачки надуените цени во тендерите се директна опасност за секоја институција и за буџетот на граѓаните. „Ако само замислиме дека со вакви цени, со вакви рекетирања, Бујар ќе ја косеше тревата во …

Continue Reading

Меџити: Бит Пазар е економска и културна гордост на Чаир

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, воедно и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со трговците на Бит Пазар. Во разговорот со нив, Меџити истакна дека Општина Чаир, иако нема индустриска зона и големи компании, се издвојува со голем број на мали и средни бизниси, со Старата Чаршија и со Бит …

Continue Reading

Божиновска: Секој рудар мора да се врати дома безбеден и горд, инспекциите се засилени, а казните построги од кога било

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска по повод Денот на рударите присуствуваше на свечената манифестација во РЕК Битола, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и раководството на АД ЕСМ. Настанот беше можност да се оддаде почит кон рударите и да се нагласи нивното значење за економијата на државата. Во своето обраќање, Божиновска истакна дека рударите …

Continue Reading

Шаќири: Албанците во Македонија се одлучувачки и државотворен фактор

Албанците во Северна Македонија се одлучувачки и државотворен фактор, и затоа оваа улога мора да се гарантира и почитува во секоја институција и на секое ниво на одлучување, велат од Алијанса за Албанците. „Нашата политичка платформа се раководи од три основни принципи: Традиција, Одговорност и Развој. Овие принципи се столбовите врз кои го градиме нашиот визион за функционална, ефикасна и …

Continue Reading

Мицкоски до Филипче: Време е да бидат конструктивна опозиција, растот на нето-платата сега е двојно поголем во однос на периодот на Владата на СДСМ

„Добро е да се направи споредба меѓу параметрите што ги прават СДСМ и ДУИ кога тие беа во Владата седум години во периодот јуни 2017 до мај 2024 година, кога порастот на реалната нето-плата што ја зедоа вработените во Македонија беше околу 3,5 проценти и оваа една година на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата односно од јуни 2024 до јуни …

Continue Reading

Османи: Албанците никогаш нема да прифатат некој друг да одлучува во нивно име

Кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, Бујар Османи, реагираше на последните изјави на премиерот Мицкоски, кој најави дека ДУИ ќе изгуби на следните избори и ќе треба да биде конструктивна опозиција. Османи порача дека ваквите јавни настапи се спротивни на приватните пораки што доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ. „Нормално, премиерот во јавност дава такви пораки, сметајќи дека така ќе …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Врв на неспособност, граѓаните едвај врзуваат крај со крај а власта им вели „немаме магично стапче“

Додека власта сака да им каже на луѓето дека не знаат како живеат, дека цените не растат, дека не е се поскапено и дека тече мед и млеко, сите податоци покажуваат дека граѓаните живеат сè потешко и посиромашно, истакна денеска Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ. „Синдикалната минимална кошница е поскапа за речиси 5.000 денари, само за една година. Во исто …

Continue Reading