„Пецаков го призна егзотичното патување, но молчи за тоа кој го платил“, вели СДСМ

„Градоначалникот на Охрид од редовите на ДПМНЕ го призна егзотичното патување но молчи за клучното прашање, кој го платил?“, вели СДСМ. „Го охрабруваме Кирил Пецаков да излезе пред охриѓани и пред целата македонска јавност да одговори: Колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстареше Пецаков, заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот …

Continue Reading

И покрај документи и сведочења за скандалот Диво место надлежните остануваат неми, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Корупција, криминал, непочитување на законите и воопшто правните норми се одлика на Владата на СДС и ДУИ. Сето ова се гледа и во случајот Онкологија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија не само што ги потврди сите коруптивно-криминални активности, туку посочи и на нови и важни факти и околности. Самиот Извештај од ревизија …

Continue Reading

Виде народот со Левица и ДПМНЕ каков хаос следи, тие се лонче и капаче, велат од СДСМ

Целата македонска јавност виде со Левица и ДПМНЕ каков хаос следи, тие се лонче и капаче, велат од СДСМ. Според нив, дивеењето на Левица во Собранието е потврда на она што тие како партија го говорат цело време. „Со Левица и нивниот коалициски партнер ДПМНЕ можни се само инциденти, насилства и хаос. Односот на Левица и ДПМНЕ кон Собранието е …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ за инцидентите во Собранието: договорена драма меѓу Апасиев и Левица со ДУИ и СДС

„ВМРО-ДПМНЕ на исценираните инциденти на Левица гледа како евтина провидна и договорена драма меѓу Апасиев и Левица со ДУИ и СДС. Дотолку повеќе што присутната коалиција СДС, Левица и ДУИ во градот Скопје од денес започна да функционира и во Собранието. Навистина е чудно бурното реагирање на Левица за Деловникот, наспроти молчењето во Собранието за францускиот предлог или за скандалот …

Continue Reading

(Видео) Апасиев со чевел удираше печати на амандманите

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев на денешната седница со чевел удираше печати на амандманите и му ги доставуваше на спикерот Мисовски, со цел како што посочува да демонстрира пародизација на процесот. Ова се случи по забелешката дека 2.500 амандмани на Левица не биле заверени и само 12 од нив биле исправни. „Еве го ‘Жан Моне’ процесот! Одличен е! Европски, по …

Continue Reading

(Видео) Левица: Пратеникот Зибери од ДУИ се обиде да го нападне Крмов

На денешната тензична седница во Собрание, пратеникот од редовите на ДУИ, Арбен Зибери, се обиде да го нападне пратеникот Борислав Крмов од Левица, но меѓу нив се испречи претседателот на Собранието, Талат Џафери. Од партијата Левица порачуваат дека не му се плашат на ДУИ. „Им порачуваме на амнестираните насилници од ДУИ дека времето на плашење на македонскиот народ заврши и …

Continue Reading

СДСМ: Одговорност за дивеењето на Левица во Собранието мора да има, нема да дозволиме насилни сценарија

Го осудуваме дивеењето на Левица во Собранието, кршењето и нападот на потпретседателот на Собранието и генералниот секретар, реагира владејачкиот СДСМ преку соопштение по денешниот инцидент во Собранието. „Поради разумот на мнозинството не дозволиме во македонското Собрание да се реализира смислено сценарио и обид за предизвикување физички конфликти и хаос. За дивеењето мора да им одговорност од пратениците на Левица. Очекуваме …

Continue Reading

(Видео) „Прекинете ја седницата“ – Крмов од Левица скрши монитор, со Апасиев гаѓаа со амандмани кон Мисовски

До инцидент дојде попладнево во Собранието, пришто пратениците од Левица ги фрлаа нивните амандамни кон потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. Пратеникот Борислав Крмов изреволтиран го искрши мониторот на масата на Мисовски, ги откорна микрофоните, и почна да фрла листовите, а потоа му се приклучи и Димитар Апасиев. Крмов побара збор кога се дискутираше за измена на Деловникот и побара од …

Continue Reading

Левица: СДС-ДУИ-ДПМНЕ спремни со физичко насилство врз пратениците да ја рушат демократијата

На денешната пленарна седница на Собранието, криминогената широка коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ се подготвува насилнички, со шверц без преседан, да го донесе новиот Деловник, велат од Левица. „Иако Левица уредно поднесе над 2.000 амандмани за да спречи носење на штетен и недемократски Деловник со кој се укинува филибастеринг – власта е подготвена брутално да ги прекрши собраниските процедури и да ги угнети …

Continue Reading