(Видео) Шукова: Поради блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, Скопје со години се соочува со сериозен проблем со отпадните води кои го загрозуваат здравјето на граѓаните

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, денеска изјави дека поради блокадата на ВМРО ДПМНЕ и Данела Арсовска е блокирана изградбата на Пречистителната станица во Трубарево. Шукова изјави дека Скопје со години се соочува со сериозен проблем со отпадните води од канализација, кои директно завршуваат во реката Вардар, загрозувајќи го здравјето на граѓаните и животната средина. Таа на терен …

Continue Reading

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во рамки на работната посета на Париз, Франција. Филипче посочи дека целта на посетата е да ги промовира и брани националниот интерес и позициите на Маједонија. При тоа нагласи дека СДСМ веќе работи на проактивен пристап, а тоа значи …

Continue Reading

(Видео) Јанковиќ: Власта на тендер купува целосна сценографија, дали граѓаните ја плаќаат партиската кампања на ВМРО-ДПМНЕ?

Генералниот секретаријат на Владата, со потпис на Игор Јанушев, склучил договор тежок речиси милион евра за озвучување на отворен простор, осветлување на отворен простор, видео ѕидови, бина, конструкција за покривање бина, опрема за симултан превод и техничка поддршка, изјави  Јовица Јанковиќ од СДСМ. Тој вели дека иако власта сака да претстави дека опремата е за симултан превод, симултан превод има …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: СДС признаа дека прислушувале и следеле преку АНБ и АР, и сега наместо да се извинат, лажат и манипулираат

СДС признаа дека прислушувале и следеле преку АНБ и АР, и сега наместо да се извинат пред се, лажат и манипулираат. СДС најпрвин треба да се извини за 5 години следење на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени, кои заедно со нивните семејства биле под константна присмотра на службите, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Откако ќе се извинат …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Јавноста заслужува одговори за случајот Рекет 2, кој Коцевски силно го штити

Јавноста заслужува одговори за случајот Рекет 2, кој Коцевски силно го штити. ЈО Коцевски и натаму во одбрана на неговите наредбодавци од СДС и ДУИ, повеќе од година и пол не отвори ниту еден случај за поранешни функционери кои се сомничат или пак има основано сомнение дека направиле криминал, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Коцевски денес, молчи …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“

Орце Ѓорѓиевски уште еднаш покажува дека за него нема граница кога станува збор предизборната манипулација. Откако вети воз на кејот на Вардар и невозможен парк во Вардариште, сега смилисл нова манипулација дека фестивалот „EXIT“ кој најави дека нема веќе да се одржува во Србија се сели во Скопје, велат од СДСМ. Од партијата додаваат дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник …

Continue Reading

Муцунски во дводневна посета на Стразбур

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Стразбур, Франција. Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе присуствува и ќе се обрати на свечен настан организиран по повод Денот на независноста – 8 Септември. Покрај тоа, предвидено е да оствари работни средби со генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Очигледен е стравот на Мицкоски од содржината на материјалите на АНБ

Очигледен е стравот на премиерот, Христијан Мицкоски од содржината на материјалите кои треба да го докажат наводното негово следење од страна на службите, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа вели дека со вчерашната изјава премиерот потврдил дека нема никаква намера да ги декласифицира документите кои би ги докажале неговите наводи дека нелегално бил следен. „СДСМ уште еднаш прашува од …

Continue Reading

СДСМ го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи. Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, …

Continue Reading