(Видео) Шукова: Да се формира стручен штаб за „Дрисла“ од експерти, чадот е закана за целиот град

Гаснењето на депонијата Дрисла со вода и пена не дава резултат. Депонијата и понатаму чади, а воздухот е загаден до степен што не може да се дише во целиот град, вели Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје од редовите на СДСМ. „Како што посочувам неколкупати досега, веднаш во Дрисла треба да влезе тешка механизација, и веднаш да дејствува. Со …

Continue Reading

ДУИ: Со амин на Бујаре Абази од ВРЕДИ, српска банка навлегува во сржта на финансискиот систем на Македонија

Демократската унија за интеграција изразува, како што велат, длабока загриженост во врска со потврдата на планот за навлегување на српскиот капитал во банкарскиот сектор на Северна Македонија, вклучително и последното одобрување на „АЛТА Банка“ за преземање на акции во Стопанска Банка Битола. Конкретно, како што појаснуваат од оваа партија, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, на својата …

Continue Reading

(Видео) Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да одговори зошто не дозволува декласификација на сите материјали поврзани со случајот со Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Филипче истакна дека е важно да се расчисти овој случај, не само за јавноста да ја дознае вистината, туку и за да не се …

Continue Reading

СДСМ до Мицкоски: Со „Дрисла“ управува ВМРО-ДПМНЕ, заеднички со ДУИ

Ниту Христијан Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ не можат да побегнат од одговорноста за еколошката катастрофа којашто му се случува на Скопје и труењето на граѓаните поради горењето на депонитте „Дрисла“ и „Вардариште“, велат од СДСМ. „Токму Даме Димитровски, актуелниот советник на Мицкоски за животна средина во Владата и поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, е претседател на Управен …

Continue Reading

Вардариште е обезбедено, останува Дрисла, проблемот ќе биде саниран за недела дена, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјавата за промоција на изборната коалиција за претстојните локални избори, на новинарско прашање во однос на депониите Вардариште и Дрисла посочи дека се работи за подметнати пожари за кои веќе има приведени и осомничени лица, истакнувајќи дека е обезбедена градежна механизација која од денес таму ќе биде во функција. „Апсолутно како Влада и како …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ја предводи најголемата коалиција досега составена од 25 партии

„Денес ја формализираме коалицијата Твоја Македонија која заеднички ќе настапи на овие локални избори. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е убедливо најголемата коалиција која е составена од 25 партии кои се од различен карактер и во голема мера го претставуваат колоритот во македонското општество, различни структури и припадности што само потрдува дека се обединуваме околу заедничка платформа што подразбира обезбедување на …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, ако е доблесен, нека им се извини на граѓаните за целокупниот хаос во државата оставен од владеењето на СДС

СДС не може да си го среди хаосот во сопствените редови, не пак да друго. Прво што треба да направи Венко Филипче, ако е доблесен, на средбите со граѓаните наместо да им продава демагогија, да им се извини за општествениот, економски, социјален хаос кој го остави седумгодишното владеење на СДС, каде директен учесник беше и тој самиот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. …

Continue Reading

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната попладневна седница е дадена согласност за уште четири нови кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори: Едис Хасан – кандидат за градоначалник на Шуто Оризари. Жика Стојановски – кандидат за градоначалник на Илинден. Игор Христов – кандидат за градоначалник на Кочани. Исуф Синани – кандидат за градоначалник на Долнени. Со ова, …

Continue Reading

ДОМ со поддршка за петицијата на О2: Стоп за ново јавно-приватно партнерство за Дрисла

Зелената партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја поддржува онлајн петицијата на Иницијативата О2 и ги повикува граѓаните да ја потпишат, за да се спречи ново јавно-приватно партнерство и да се обезбеди Дрисла да остане во јавна сопственост, велат од ДОМ. „Петицијата е важен граѓански механизам со кој се испраќа јасна порака дека Скопје мора да добие современ, одржлив и …

Continue Reading