Безбедносната состојба е стабилна, оцени премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна и под контрола, и покрај случувањата на Блискиот Исток. „Стабилна, без да има одредени осцилации. Апсолутно ја имаме под контрола состојбата. Предизвици има и ќе има, но тука сме да ја следиме и да реагираме ако има потреба од тоа“, рече Мицкоски, во одговор на новинарско прашање. Премиерот денеска …
Continue Reading
Мицкоски: STRYKER ја засилуваат Армијата, ќе пристигне и дополнителна количина
Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство што оклопните возила STRYKER се веќе во земјава и најави дека ќе пристигне и дополнителна количина, со што, како што рече, значително ќе се зајакне капацитетот на македонската Армија. Тој упати благодарност до војската, војниците, старешините, генералите, Министерството за одбрана, како и до Владата, но и до стратешките партнери – САД и нивната амбасада за …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да води Влада
Цените растат, платите не – Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да води Влада, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според неа, се потврдило сѐ она што СДСМ го говорелои за што предупредувало, за жал, како што рече, на директна штета на стандардот на граѓаните. „Мерката на Мицкоски не даде ефект. Само еден ден по прес-конференцијата на Мицкоски има ново …
Continue Reading
ДУИ: Речиси 25 милиони евра потрошени за увоз на струја од почетокот на 2026 година
Демократската Унија за интеграција (ДУИ) објави дека од почетокот на 2026 година се потрошени речиси 25 милиони евра за увоз на струја. „ДУИ објавува конкретни факти, имајќи ги предвид изјавите на премиерот Христијан Мицковски во однос на работата на ЕСМ. Овие податоци целосно ги демантираат тврдењата и дезинформациите кои доаѓаат од раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика. Само од почетокот на …
Continue Reading
(Видео) „Општина Аеродром незаконски ги скрати за 50% надоместоците за избирачките одбори“, велат од СДСМ
Спротивно на Изборниот законик и Правилникот на Државната изборна комисија, Советот на општина Аеродром на вчерашната седница одлучи да ги намали за 50% надоместоците на членовите на избирачките одбори. Со оваа одлука 930 членови на избирачки одбори ќе добијат за 50% помали надоместоци од тоа што ги следува согласно Изборниот законик, велат од СДСМ Аеродром. „Висината на овие надоместоци е …
Continue Reading
„Цените на храната растат, платите не мрдаат – се покажа дека Мицкоски нема капацитет“, велат од СДСМ
„СДСМ и претседателот Филипче ја предупредија Владата дека намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема да има ефект, дека без системски мерки – со намалување на акцизите и цените на храната – нема да има намалување на цените и дека граѓаните ќе плаќаат поскапо. Се потврди“, велат од СДСМ. „Само еден ден по прес-конференцијата на Мицкоски, каде што промовираше …
Continue Reading
Левица: Куба е симбол на отпор, солидарност против империјалистичките притисоци
Претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Амар Мециновиќ, денеска ја посетија кубанската амбасада во Софија, каде оствариле средба со амбасадорката Н.Е. Мариета Гарсија. На средбата, како што соопшти партијата, била изразена „цврста и недвосмислена солидарност со народот на Куба“. Според Левица, Куба со децении се соочува со „неправедна, незаконска, нехумана и злосторничка економска блокада“, која ја оценуваат …
Continue Reading
СДСМ бара ОЈО веднаш да отвори предмет за Гувернерот и двајца Вицегувернери на НБМ
СДСМ бара Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на гувернерот Трајко Славески во законскиот рок за избор на вицегувернери во Народната банка. Од партијата наведуваат дека постојат сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес. Според Законот за Народната банка, вицегувернерите ги именува Собранието исклучиво на предлог на гувернерот, а …
Continue Reading
Мицкоски: За разлика од минатото кога коленичевме и молевме за помош, сега сме ние тие коишто генерираат стабилност
Во текот на вчерашниот ден, министерката за енергетика, минерални суровини и рударство имаше разговор со генералниот директор на ОКТА и дополнително имаме уште еден денар. Така што од денеска практично имаме 3 денари попуст на сите оние бензински станици коишто се комитенти на ОКТА, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој повтори дека ги имаме апсолутно најниските цени на горива во Европа …
Continue Reading