Кузеска: Изборниот процес ја блокира исплатата на 400 лица кои беа ангажирани за гаснење пожари

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција изјави дека околу 400 пожарникари ангажирани преку општините, не добиле плата. Таа истакна дека овие лица, кои во август беа примени со ветување за месечен надоместок од 24.000 денари, обуки и можност за трајно вработување, до денес, заклучно со 17 септември, сè уште немаат добиено ниту една плата. Според информациите, исплатата е …

Continue Reading

Панел дискусија: За предизвиците со домувањето кај младите мора да се делува надпартиски

Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ, универзитетскиот професор Горан Марковски, потпретседателката на Европската мрежа против сиромаштија Билјана Дуковска, секретарката на Универзитетското студентско собрание на УКИМ Адела Асани и членот на Регулаторна комисија за домување Башким Алили, вчера учествуваа на панел дискусијата „Домот е основна потреба, а не привилегија – локални политики за младите“ во организација на …

Continue Reading

(Видео) Либералите бараат воведување на електронска нараквица за насилниците: „Трагедијата на Росица да биде последна“

Либерално-демократската партија предлага воведување на електронска нараквица за насилниците, по двојното убиство во Велес, кога Илија – поранешниот партнер на Росица – ја уби неа и нејзиниот татко. „Нашето главно прашање е: дали вие, пратеници и пратенички, сте свесни дека со тоа што на 1 април не се издигнавте над партиските интереси и не дадовте поддршка на измените на Законот …

Continue Reading

„По Апасиев и Мециновиќ и Мојсоска си инкасирала пари од партијата додека критикувала за патни трошоци“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Јована Мојсоска по примерот на нејзините сопартијци, Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ, инкасирала големи суми на пари од партијата. Додека од граѓаните бараат и собираат донации, врвот на Левица тие пари ги ставал во нивни џебови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Мојсоска која не престана да ги напаѓа пратениците за патни трошоци, за четири години од Левица си инкасирала над 600 илјади …

Continue Reading

„Влен“: Зделките на ДУИ со Левица нема да ги спречат промените во Струга

„ДУИ ја стави Струга на продажба, здружувајќи се со Левица на Апасиев за да ја спречи победата на Менди Ќира“, велат од „Влен“. „Кандидатурата на Мојсовска е срамна зделка, наместена за да се одржи во живот една скапана власт што стружани ја отфрлаат. Ова не е прв пат ДУИ да се ценка со Левица: од Скопје и Велес, до споменикот …

Continue Reading

Муцунски на средба со сенаторот Петер Велч во Вашингтон

На првиот ден од работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со сенаторот Петер Велч, еден од иницијаторите на новата резолуција во Сенатот на САД со која се одбележуваат 34 години од независноста на Република Северна Македонија и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави. Министерот Муцунски ја нагласи …

Continue Reading

СДСМ: Советници открија дива депонија во Илинден, наместо расчистување, добија закани од власта

Кандидати за советници од редовите на СДСМ и Коалицијата денеска наутро алармираа за постоење на дива депонија во с. Миладиновци, општина Илинден, и предупредија дека постои сериозен ризик ситуацијата со загадувањето од Дрисла и Вардариште да се прошири и во овој регион. Советниците објавија видеа и фотографии на своите профили на социјалните мрежи, а доказите ги доставија и до директорот …

Continue Reading

(Видео) Нов скопски саем во Бутел и голем парк покрај него е првото ветување на скопјани од Мециновиќ

Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на партијата Левица, преку социјалните мрежи најави изградба на нов скопски саем во северниот дел на градот, во Општина Бутел, покрај обиколницата и булеварот Христјан Тодоровски Карпош. „Скопје го загуби саемот поради сите претходни власти кои не успеаја да ги зачуваат и надоградат капацитетите за новите генерации. Наместо тоа, денес тој …

Continue Reading

Османи: Обвинувањата за коалиција со Левица се очајнички обиди

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, ги оцени како очајнички обвинувањата дека ДУИ наводно има коалиција со Левица. Тој изјави дека ваквите конструкции се обид на ВЛЕН да подготви оправдување за можен изборен пораз. Османи нагласи дека ДУИ настапува обединето преку Националната алијанса за интеграција, која, според него, ја претставува волјата на мнозинството Албанци. Тој порача дека …

Continue Reading