Бојан Бојкоски нов претседател на Советот на Општина Битола
На денешната конститутивна седница беше усвоен новиот состав на Советот на Општина Битола. На седницата присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. Со седницата претседаваше највозрасниот член на Советот, Јагода Талевска од движењето ЗНАМ. На конститутивната седница присуствуваа и гости од збратимената општина Стари Град – Белград, Република Србија. Во своето обраќање пред новиот советнички состав, градоначалникот Тони Коњановски …
Continue Reading
Светлана Колариќ претседателка на Советот на Општина Кисела Вода
Денес се одржа конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општина Кисела Вода, на која беа верификувани мандатите на новоизбраните 27 советници. За претседателка на Советот е избрана Светлана Колариќ. Во своето обраќање, Колариќ истакна дека изборот ја обврзува уште посилно да работи во интерес на граѓаните и да го унапреди демократскиот дијалог во рамки на Советот. „За мене …
Continue Reading
До ДИК поднесени приговори за резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош
До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори, одржан во неделата, на 2 ноември. Хаким Рамадани кој беше поддржан од коалицијата Влен за градоначалник на Брвеница, поднел приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите на избирачките места 2034, …
Continue Reading
„Влен“: Ако за ДУИ промената значи само смена на координаторот Беџети, тогаш го запечати својот политички крај
Движењето ВЛЕН во соопштение оцени дека дебаклот бил јасен како ден и дека ДУИ е избришана од политичката карта. „Сите го видоа, сите знаат дека ДУИ е избришана од политичката карта. Само оние што ја уништија, денес се прават дека не разбираат. Наместо да го прифатат крајот, тие измислуваат теории на заговор како што некогаш правеше нивниот пријател кој сега …
Continue Reading
„Граѓаните жестоко ги казнија политиките на Филипче под менторство на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Македонските граѓани направија вистински избор, во локалните самоуправи избраа трудољубиви и чесни лица кои посветено ќе работат за подобрување на животот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа не е вистинскиот избор само кој да ги води општините, туку тоа е вистинскиот избор за Македонија да почне да ги гради темелите кои се рушеа за седумгодишното владеење на СДС. Граѓаните ги препознаа …
Continue Reading
Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер
Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на Изет Меџити кој стана градоначалник на Општина Чаир. За нов министер за животна средина и просторно планирање, на местото на Меџити, сè уште се одлучува. Сулејмани истакна дека ВРЕДИ ќе продолжи да функционира како единствен политички субјект, без поделби по партии, …
Continue Reading
Герасимовски на средба со противкандидатките Ивановска и Среброва, споделени предлози и идеи за поквалитетен Центар
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа средба со противкандидатките од локалните избори, Билјана Ивановска од „Независни заедно“ и Марија Среброва од „Левица“. Поради работни обврски, на средбата не присуствуваше кандидатот Мирослав Лабудовиќ од „Знам“. На состанокот, на кој присуствуваа и раководителите на секторите во општината, се дискутираше на повеќе теми од интерес на граѓаните: урбанизам, зеленило, нови паркинг-зони, …
Continue Reading
Ќе работиме со транспарентност: Меџити го презеде мандатот како градоначалник на Чаир
Денес, новоизбраниот градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, и официјално го презеде својот мандат. Во своето обраќање по повод преземањето на функцијата, Меџити истакна дека ова враќање за него претставува чувство на чест и длабока одговорност кон граѓаните на Чаир кои му укажаа доверба со неспорна изборна победа на последните локални избори. „Од денес се враќам во моето место, меѓу …
Continue Reading
„Вреди“ е втора политичка сила, локалните избори запечатија нова политичка реалност во Македонија, велат од коалицијата
„Локалните избори запечатија нова политичка реалност во Северна Македонија. Коалицијата „Вреди“ излегува од овој процес како втора политичка сила на државно ниво, со 10 освоени општини, и како апсолутен победник во албанскиот табор. Резултатите се јасни, но пораката на граѓаните е уште појасна. Ерата на старата политика е завршена. На овие избори, граѓаните гласаа за работа, за одговорност и за …
Continue Reading