„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика
По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“. „Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот …
Continue Reading
Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци
Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во процесот на пристапување во Европската Унија не е оценка за една година или за една влада, туку за континуитетот на реформските процеси, нивото на институционална зрелост и начинот на кој …
Continue Reading
Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција
Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска и новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски и подари букет со свежо цвеќе на Арсовска. Претходно, тој од Градската изборна комисија на Скопје го доби уверението дека е избран за прв човек на македонската метропола. Данела Арсовска денеска го заврши својот …
Continue Reading
(Видео) Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел
Стевчо Јакимовски знае дека следи ревизија на неговата криминална работа и дека ќе излезат на виделина сите криминали кои ги правел, затоа плаче, наместо да честита. Стевчо Јакимовски е причината зошто Карпош e бетонска џунгла, во која интересот на граѓаните беше на последно место, истакна на прес-конференција Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Стевчо Јакимовски по поразот кој го доживеа во …
Continue Reading
Гаши-ДИК: во фокусот одржувањето на повторени избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари работна средба со претставници на Државната изборна комисија: Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија; Абдуш Демири, потпретседател на Комисијата и Александар Даштевски, член на Комисијата. Средбата ја организира претседателот на Собранието во функција на членот 132-а од Изборниот законик, согласно кој треба да се одржат повторени избори за градоначалници …
Continue Reading
Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени
Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане да раководи со ресорот образование или ќе оди во друг ресор, изјави дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Мицкоски. Јаневска посочи дека одлуката за сите предлози за членови во Владата ја носи премиерот заедно со партиските органи. Премиерот, …
Continue Reading
Филков:Во континуитет ги усогласуваме законите со европските стандарди и препораките на Венецијанската комисија
Министерот за правда Игор Филков денес учествуваше на одбележувањето на значајниот јубилеј по повод 90-тата средба на правниците, организирана од Македонското здружение на правници. Обраќајќи се пред присутните правни експерти, професори, судии, обвинители, адвокати и млади правници, министерот Филков истакна дека оваа традиција претставува мост меѓу правната наука и практиката, меѓу различните правни професии и генерации кои веруваат во моќта …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември
Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека откога ќе ја стокми партијата, ќе почне да размислува за одредени партиски поместувања во Владата, а набргу ги очекува и новите имиња за испразнетите места во Владата и во институциите по изборите. „Очекувам за испразнетите места …
Continue Reading
Јакимовски не признава пораз, обвинува за нерегуларности: „Во Карпош не победивте, го украдовте“
Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, преку соопштение до јавноста упати остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја партијата за, како што наведува, изборни нерегуларности на локалните избори во Општина Карпош. „Во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте!“, наведува Јакимовски, додавајќи дека борбата на изборите не била витешка, туку „кукавичка“. Според него, изборниот процес бил проследен со купување на гласови, злоупотреби, …
Continue Reading