Почна одбројувањето на деновите пред одлуката „за“ или „против“ уставни измени

Предлог-иницијативата за устави измени е во Владата и ќе биде разгледана на некоја од наредните седници. Очекувањата се дека уставните измени би можеле да влезат во Собранието во средината на месецов кога и формално ќе почнат да течат роковите за уставни измени. Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски утре во Клубот на пратеници ќе имаат тет-а-тет средба …

Continue Reading

Шаќири на средба со претседателот на СОНК и претставници на Solidarity Center и Американската федерација на наставници

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ќе оствари средба со претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков и со претставници на Solidarity Center, најголемата меѓународна организација за заштита и унапредување на работничките права со седиште во САД, како и претставници на Американската федерација на наставници. Средбата ќе се одржи во просториите на Министерството …

Continue Reading

Во Собранието продолженија на две пленарни седници и една комисиска расправа

Во Собранието денеска треба да се одржат продолженијата на 66-тата и на 91-вата пленарна седница. Единствена неразгледана точка на дневниот ред на 66-тата седница е Предлог-законот за изменување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, по скратена постапка. На 91-вата седница има уште 12 неразгледани точки меѓу кои се четири ратификации на договори, предлог финансиските планови на Регулаторната комисија за …

Continue Reading

СДСМ со „Рамо до рамо, до победа“ на терен со граѓаните на Прилеп, Битола, Могила, Кичево, Тетово, Ресен, Карпош, Гевгелија и Долнени

Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска беше на терен со граѓаните на Прилеп, Битола, Могила, Кичево, Тетово, Ресен, Карпош, Гевгелија и Долнени. Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска со граѓаните на Битола беше Оливер Спасовски. – Нашата држава, нашиот народ се исправени пред историска одлука да се продолжи европскиот пат на државата, преку …

Continue Reading

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Велес

Во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“, ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Велес организираше трибина на тема „Развојни политики за стабилна економија“. Претседателот на ВМРО-ДПНЕ Христијан Мицкоски во своето обраќање на трибината порача дека нашата држава треба да добие фер шанса од Европската Унија, како што имале сите народи и држави, од кои не се барало себеодрекување и кои се …

Continue Reading

Али Ахмети: Да се обединиме за европска иднина

ДУИ денеска ја прослави 21 годишнината како политички субјект. Преку панел дискусија прво, а потоа и на пригоден коктел, првиот човек на ДУИ г. Али Ахмети во кратки точки го елаборираше патувањето на политичкиот субјект кој го води. Претседателот Ахмети меѓу другото ги спомена успесите на ДУИ во изборните процеси, потпишаните и реализираните договори, како и многуте досегашни остварувања. Во …

Continue Reading

Николоски: Шќеринска глуми задоцнет патриот, предавството ќе ви тежи цел живот !

Ја гледам денес Радмила Шекеринска како глуми задоцнет патриот па вели да се имало разбирање за луѓето што се против промена на Уставот со цел влез на Бугарите во него. Истата Шекеринска што беше втор човек на СДСМ и на Владата кога се потпиша Договорот со Бугарија со кој прифатија дека Македонскиот и Бугарскиот народ имаат ЗАЕДНИЧКА историја, а немаат! …

Continue Reading

Мицкоски: Барам фер шанса за Македонија и мојот народ, каква што имале сите народи и држави кои пристапувале кон ЕУ

Добра вечер за центарот на Македонија, За градот на Гемиџиите, градот на Коста Солев Рацин, на Костантинот Џинот, на Миле Поп Јорданов, на Рајко Жинзифов, на една цела плејада мажи и жени кои оставиле неизбришлива трага во македонската историја. Нивните имиња не се само  букви кои простум ги изговараме, туку пораки и спомен пред кој се поклонуваме со длабока почит …

Continue Reading

Средба на комисиите за европски прашања на парламентите на Македонија, Албанија и Косово

– Претседателите и членовите на комисиите за европски прашања на парламентите на Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Косово денеска одржаа средба во рамки на работната посета на Скопје на парламентарните делегации на двете соседни земји. Со состанокот претседаваа претседателите на трите работни тела, Арбер Адеми од Комисијата за европски прашања во Собранието на Северна Македонија, Јорида Табаку, која …

Continue Reading