Преку криминални шеми и тендери власта испумпува милиони евра народни пари, обвини СДСМ
Преку криминални шеми и тендери власта испумпува милиони евра народни пари, обвинуваат од СДСМ. На денешната прес-конференција, генераниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ обвини дека милионски тендери се доделуваат на фирми блиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „Фирмата ’Дигитал оне’, формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тендери од скоро 9 милиони евра, народни пари. И сите …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ мора да расчисти со Филипче ако сака да се реформира
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека серијата случаи што се отвораат деновиве ги разобличуваат, како што велат, скандалите од времето кога СДСМ била на власт и претставуваат доказ за структурен хаос, распаднати институции и недостиг од одговорност. Во соопштението партијата посочува дека случајот со стоковите резерви е уште едно потсетување дека институциите под контрола на СДСМ функционирале „како импровизирани конструкции без механизми за …
Continue Reading
СДСМ од денеска најавува прес-конференции за наводните криминали на Владата на Мицкоски
Од СДСМ денеска најавуваат дека во 11 часот ќе започнат со серијал од прес-конференции за наводните криминали на Владата на Христијан Мицкоски. „Целосно ќе ја разобличиме системската корупција, институционализираниот криминал и безмилосната пљачка на граѓаните што го спроведува власта на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето мора да престане, веднаш. А криминалците од власта да одговараат! Ќе зборуваме со факти. Со документи. Со бројки. …
Continue Reading
Илир Демири го напушта „Европскиот фронт“
Пратеникот Илир Демири ќе дејствува како независен. Тој за оваа одлука го информирал претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопштија од кабинетот на собранискиот спикер. Демири беше избран за пратеник од шестата изборна единица како кадар на Алијансата за Албанците од крилото на Зијадин Села, партија која на парламентарните избори настапи во Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ. Одлуката на Демири …
Continue Reading
Пензионерите во во понеделник на протест пред Уставниот суд
Пенизонерите кои се за линеарно зголемување на пензиите денеска од Штип порачаа дека во понеделник на 1 декември пензионерите од државата ќе протестираат пред Уставен Суд во Скопје, со цел како што велат да продолжи линеарното пресметување на пензиите. Тие на денешната прес-конференција повикаа на масовност, со цел заеднички да се изборат за нивните права. -Во понеделник во 11 часот …
Continue Reading
Андоновска: Во услови на глобална криза, за Заев, Филипче и Николовски приватниот интерес секогаш беше на прво место
СДС очајнички ги брани криминалците од своите редови, како Трајан Димковски, кој по насока на Заев, Филипче и Николовски извршил отпис на 2000 тони јачмен и пченица, и го оштетил буџетот за близу 800.000 евра, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Викторија Андоновска, стои во партиското соопштение. Наместо да се оградат и да го осудат ваквото девијатно однесување на Димковски, тие ревносно …
Continue Reading
Левица со остра реакција на најавените поскапувања на парното и струјата
Левица остро ја осудува одлуката за најновото зголемување на цената на парното за 5 проценти, како и најавениот раст на цената на електричната енергија од јануари. Од партијата сметаат дека овие одлуки не се само технички бројки во одлуките на Регулаторната комисија за енергетика, туку доказ за, како што наведуваат, хроничниот неуспех на Владата во енергетскиот сектор и за растечкиот …
Continue Reading
Мицкоски: Имам информации дека судија известител ставил потпис на извештајот со кој се укинува линеарното покачување на пензиите
„Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната постапка и оти судијата известител ставил потпис на конечниот извештај со кој се укинува линеарното зголемување на покачувањето на пензиите за пензионерите од следниот месец“, вели Христијан Мицкоски. Премиерот потенцираше дека со линеарното зголемување на пензиите како Влада сакале да …
Continue Reading
Мицкоски: Национален интерес е државата да реагира брзо и професионално на хибридните и информациските закани
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати на конференција посветена на хибридните и информациските закани, нагласувајќи дека темата претставува еден од најкритичните безбедносни предизвици на современото време. Во говорот, Мицкоски истакна дека овие закани „не се гледаат, но се чувствуваат“, дека „не експлодираат, но можат да разорат“, и дека нивната цел е нарушување на довербата, слабеење на демократијата и поткопување на …
Continue Reading