(Видео) СДСМ и ДПМНЕ го отворија патот за нова бетонизација на Водно, велат од Левица
Седницата на Советот на Општина Центар уште еднаш покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија и урбаната мафија, СДСМ и ДПМНЕ функционираат како едно, велат од Левица. И покрај сите аргументи и предупредувања од Левица, од партијата нагласуваат дека советниците на Широката коалиција здружено го изгласале спорниот Нацрт-ДУП за Водно, отворајќи пат за нова бетонизација на еден …
Continue Reading
ВМРО-ОКГ намерно го кочи Изборниот законик за да го одбегне она што следува после, велат од СДСМ
Според опозициската СДСМ; ВМРО-ОКГ, како што велат, намерно го турка Изборниот законик со спорни одредби за изборна гражба, за да создаде привид дека опозицијата го блокира европскиот пат. „Во реалноста, тие го прават тоа за да го одбегнат она што доаѓа откако ќе се завршат реформите. Кога ќе се исполнат сите 10 точки од реформската агенда, повеќе нема каде да …
Continue Reading
ГРОМ: Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
ГРОМ соопшти дека претседателот на оваа партија Стевче Јакимовски доброволно заминал на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци. „Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра …
Continue Reading
Јаневска: Bо политиките на МОН приоритетни се интересите на децата
Во 7 години владеење на СДСМ и ДУИ бројот на ученици е намален за 17 илјади. Затоа сега е неопходна оптимизација на училишната мрежа. Имаме многу подрачни училишта со по две-три деца кои ниту се социјализираат, ниту имаат можност да се натпреваруваат со другарчиња, ниту применуваат современа технологија бидејќи во училиштето ја нема. Тие треба да се приклучат кон најблиските …
Continue Reading
(Видео) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место
Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на денешната собраниска седница, за пратенички прашања од опозицијата, опстави две пратенички прашања, едно до вицепремиерот и министерот за европски прашања Беким Сали, и едно до министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа. Бидејќи двајцата министри беа отсутни, Николовски писмен одговор. Во прашањата, Николовски побара одговори од Владата за застојот на евроинтеграциите и …
Continue Reading
(Видео) Крмов: Сточарите го даваат млекото без цена, а Владата замижува пред неконтролираниот увоз
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, на денешната седница за опозициски пратенички прашања упати две прашања до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, посочувајќи дека земјоделскиот сектор се соочува со сериозна криза, а Владата не презема суштински мерки за нејзино надминување. На почетокот од своето обраќање, Крмов изрази жалење што новоименуваниот министер Борче Серафимовски не присуствувал на седницата, оценувајќи дека како …
Continue Reading
„Нов министер, исти лаги – Серафимовски ги измеша производна и откупна цена на грозјето“, велат од СДСМ
„Ново име, исти манипулации. Уште на првиот настап новиот министер за земјоделство Борче Серафимовски покажа дека не е способен за функцијата. Се потврди тоа што СДСМ го зборуваше – реконструкцијата на Владата е само смена на имиња и нема да ги реши проблемите на земјоделците“, велат од СДСМ. „Во денешната изјава за производната цена на грозјето, Серафимовски ги измеша лончињата. …
Continue Reading
„Колку квадрати бетон вреди едно Водно“, прашуваат од ЗНАМ
„Вчера во Советот на Општина Центар не се одлучуваше само за уште една урбанистичка точка. Се одлучуваше дали ќе се заштити Водно или повторно ќе се отвори патот за нов бетон. Движењето ЗНАМ за Наша Македонијагласаше против.
Нашиот став беше јасен. Не може да се носат одлуки за Водно без мислење од надлежните институции за ризикот од ерозија и свлечишта. Не …
Continue Reading
„Мицкоски е дотеран до ѕид, му треба алиби за избори“, велат од СДСМ
„Христијан Мицкоски се обидува да ја претстави реконструкцијата на Владата како нормален потег, но реалноста е сосема поинаква. Мицкоски е дотеран до ѕид и нема излез, освен предвремени избори. Буџетот е празен. ЕУ интеграциите се стопирани. Со ова темпо, наскоро нема да има пари ниту за пензии“, велат од СДСМ. „Целата Влада е составена од луѓе со бугарски пасоши, додека …
Continue Reading