Вицепремиерот Битиќи на увид во градежните работи на мостот на улица „Љубљанска“

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска заедно со генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, ќе изврши увид во градежните работи на мостот на улица „Љубљанска“, информираат утрово од владината прес-служба. Мостот се гради во Општина Карпош со средства од ТАВ програмата за што се одвоени над шест милиони и …

Continue Reading

Работна средба на Зелената група во Собранието

Во Собранието денеска ќе се одржи работна средба на Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени (Зелена група). На средбата ќе бидат разгледани новите предлог законски решенија за унапредување на Законот за заштита и благосостојба на животните.

Continue Reading

Тренчевска: Работиме посветено за семејните вредности и заштитата на децата

–Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, се два посебни закона кои третираат сосема различни прашања. И едниот и другиот закон третираат човекови права меѓутоа суштината на законите е различна, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Дневникот на КТВ Телевизија. Таа информираше и дека за Предлог законот за родова еднаквост биле реализирани  18 јавни …

Continue Reading

Едногласно прифатена иницијативата на Левица за враќање на моштите на Панко Брашнаров

Иницијативата за враќање на моштите на народниот учител Панко Брашнаров, предложена од советничката група на Левица во Советот на Општина Велес едногласно беше прифатена на денешната седница. Панко Брашнаров, човекот кој беше генерација и соученик на велешките гемиџии, сведок на двата Илиндена, човекот кој целиот се посвети на ослободувањето на Македонија и голем дел од својот живот го помина по …

Continue Reading

Николоски: Корупцијата мора да се удри во чело, но СДС и ДУИ не може да се удрат самите себеси, бидејќи од нив почнува криминалот

Корупцијата во Македонија оди од врвот па до најниското ниво, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во емисијата ЗА или ПРОТИВ на телевизија Алфа, потенцирајќи дека единствено нешто што ги спојува СДС и ДУИ е криминалот и корупцијата. Корупцијата мора да се удри во чело и да се удри во врвот доколку сакаме резултат. Но, тоа сега е …

Continue Reading

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Ревизорски извештај и хаос во правната регулатива во енергетиката

Државниот завод за ревизија објави конечен извештај за извршена ревизија на успешност за Подготвеност на енергетскиот систем да се справи со енергетската криза. Извештајот се концентрира повеќе на техничката подготвеност на постројките. Констатирана е неспремност на енергетскиот систем технички да се справи со енергетска криза. Потврдени се многу укажувања во изминативе години од ВМРО-ДПМНЕ за несоодветно работење на енергетските компании …

Continue Reading

Лога-Габер: Наша заложба е да станеме дел од Европската мрежа на правосудните институции

Министерот за правда, Кренар Лога ја посети Академијата за судии и јавни обвинители каде беше запознат со начинот на функционирање и активностите  на институцијата како и новиот Закон за Академија на судии и јавни обвинители. Како што соопшти Минстерството за правда, на средбата со директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска се разговараше за можноста да станеме дел од …

Continue Reading

Шукова: Со учество во Програмата ЛАЈФ отварен пристап до нови европски финансиски механизми

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска во Брисел оствари билатерална средба со европскиот комесар за животна средина, океани и рибарство Вирџинијус Синкевичиус на која е потпишан Договор меѓу Европска Унија и Република Македонија за учество во Програмата на Унијата „Живот” (LIFE) за заштита на животната средина и климатски активности. Како што соопштија од МЖСПП, Програмата LIFE …

Continue Reading

Започна билатералниот скрининг состанок за „Животна средина и климатски промени”

Во Брисел денеска започна петдневниот билатерален скрининг за Поглавје 27 „Животна средина и климатски промени“, дел од Кластер 4 „Зелена агенда и одржлива поврзаност“. Како што соопшти СЕП, состанокот беше отворен со воведното излагање на заменичката на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу Халили, која рече дека нѐ очекуваат комплексни реформи за кои како и до сега ќе имаме поддршка …

Continue Reading