Мицкоски: На овој Конгрес не добив само реизбор, победи идејата, од поглавје на кризи, отвораме поглавје на зрелост
Денес на овој свечен момент за нашата партија на највисокото тело на партијата, Конгресот, донесовме документи кои се иднината на оваа партија. Документи кои треба да ја обноват вербата во политиката и да покажат дека со стратегија и план, резултатите се на дофат и иднината е гарантирана, рече Христијан Мицкоски во своето обраќање на XVIII Конгрес по реизборот за претседател …
Continue Reading
Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист
Во 21 век, историското наследство не може да биде изговор за застој. Напротив, тоа е најсилен мотив државата да биде поефикасна, поорганизирана и повредносно кохерентна. Жртвите и идеалите на претходните генерации ја прават сегашната неефикасност, институционална слабост или корупција уште понедозволиви, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на своето воведно обраќање на отворениот дел од XVIII конгрес во Кавадарци. Мицкоски …
Continue Reading
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати, до 2030 мора да направиме премин кон економија со високи компетенции
Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати, евтината работна сила и ограниченото производство. До 2030 година, земјата мора да направи структурен премин, од економија на евтина продукција кон економија на знаење, високи компетенции и додадена вредност, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето прво обраќање во отворениот дел на XVIII конгрес. „Економската сила ја определува државната сила. …
Continue Reading
Орбан: ВМРО стана една од најуспешните политички сили во Европа, ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој
Претставници на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ упатија честитки за како што велат, достигнувањата на партијата кои ги имаше во последните две години и притоа укажуваат на победите на парламентарните, претседателските и локалните избори. Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, оценува дека ВМРО-ДПМНЕ ја поставила Македонија на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој. „Им честитам на сите членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ …
Continue Reading
Мицкоски: Стратегиската линија на ВМРО-ДПМНЕ е дека националниот идентитет не е предмет на преговори
„Македонија може да биде европска само ако е стабилна во својата самосвест и сигурна во сопствениот идентитет. Во европската традиција на народните партии, националното не е етноцентричен инструмент, туку демократски израз на заедничка историја, култура и политичка волја. За Македонија ова е особено важно: државата е млада, изложена на историски искушенија и често соочена со обиди за релативизирање на нејзиното …
Continue Reading
Томовски: СДС да се извинат за клеветите и измислицитe, посочената компанија не е моја, во моментов немам никаква приватна компанија
„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија и единствено сум насочен кон мојата работа како директор на Службата за општи и заеднички работи. Целиот мој живот работам чесно, одговорно и посветено, така и ќе продолжам“, реагира директорот на СОЗР, Ивица Томовски, откако СДСМ на прес-конференција утринава обвини …
Continue Reading
(Видео) Димитријевиќ: Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра
Опозициската СДСМ денеска обвини дека семејната фирма на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, која го менувала името, добила 161 тендери вредни над 5 милиони евра. „Со доаѓањето на ДПМНЕ на власт семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306%!!! И тоа само во 2024 година. Случајно, им тргнало чистењето на буџетот. Само оваа 2025 година, фирмата добила …
Continue Reading
„Дава пари за руско железо, за да го препродава“ – Груевски повторно го нападна Заев на социјалните мрежи
Поранешниот премиер Никола Груевски вечерва објави нов статус на „Фејсбук“, во кој повторно го нападна Зоран Заев, обвинувајќи го за дволичност, корупција, политички договори и стекнување богатство преку злоупотреби. Објавата следи по размената на јавни пораки меѓу двајцата поранешни премиери. Во статусот со наслов „ЧОВЕКОТ КОЈ ПРИФАТИ СЕ ШТО ОДБИВ – ЕДНА ПРИКАЗНА ЗА ЕДНА ‘НАПАТЕНА ДУША’“, Груевски тврди дека Заев …
Continue Reading
Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови, порача ВМРО-ДПМНЕ
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира по објавите на британските медиуми и СДСМ дека Владата подготвува договор со Обединетото Кралство за отворање центар за враќање мигранти во Македонија. Откако Социјалдемократите ја повикаа Владата да ја објави содржината на преговорите со Обединетото Кралство, ВМРО-ДПМНЕ порача: „Криминалците за да се спасат од одговорност се подготвени да измислат колонизација на марсовци во Македонија само за да …
Continue Reading