Левица: Згрозени сме од нечовечкиот повик на премиерот за веселба веднаш по солзите на мајките од Кочани

Во неверување сме од крајно несоодветната и нечувствителна изјава на премиерот Мицкоски, дадена по излегувањето од седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот – седница на која зборуваа родителите на трагично загинатите деца од Кочани. Наместо емпатија, обврска и чувство на одговорност, Мицкоски порача дека треба да се веселиме и да зборуваме за убави …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Мигранти во Македонија нема да има, СДС како расипана плоча, растура пердуви во јавноста

СДС секојдневно се обидува да дојде до некакво медиумско внимание преку ширење на лажни вести, шпекулации и невистини, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Како расипана плоча или касета која врти во круг, СДС во безидејност, без програма, без идеја, без аргументирана критика, растура пердуви во јавноста. Еве денес, по не знаеме веќе кој пат, како ВМРО-ДПМНЕ, а вчера и претседателот на Владата, …

Continue Reading

(Видео) Мециновиќ: Институциите гледаат, знаат, намерно молчат – само за пари и профит

Пратеникот на партијата Левица, Амар Мециновиќ, на Анкетната комисија иницирана од родителите на загинатите во Кочани, истакна дека централниот елемент на дискусијата треба да биде недостатокот на одговорност од страна на институциите. Тој истакна дека кога се случи трагедијата, на сите им било јасно дека системот потфрлил, но проблемот, според него е во тоа што институциите се изземени од одговорност …

Continue Reading

После Албанија и Косово, следна дестинација на мигранти е Македонија, велат од СДСМ

Не се само британските медиуми, многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот, истакнуваат од СДСМ. „Косово стана првата земја која прифати одбиените мигранти од Британија. Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти но од Италија. Пред 5 дена, „Дојче …

Continue Reading

Ангелова: Буџетот за 2026 година претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и институциите

На денешната седница во Собранието се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и институциите. „Буџетот не е само финансиски план, ниту табела со бројки, тој претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и кон институциите. Буџетот за 2026 година е документ што …

Continue Reading

Станковиќ: Буџетот за 2026 година е реален и има мерки за самовработување и сузбивање на сивата економија

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ кој истакна дека буџетот е изготвен врз основа на реални економски показатели и дека проекциите на приходната страна се остварливи. Станковиќ посочи дека растот на планираните приходи е резултат на подобрена наплата на царини и концесии како и на позитивните трендови кај активните мерки за вработување. …

Continue Reading

Јамалов: Буџетот за 2026 година е буџет на развој, солидарност и со јасна насока кон европскиот економски модел на развој

На денешната седница во Собранието, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој истакна дека Буџетот за 2026 година не е само бројка туку одраз на визија, стратегија и одговорност кон граѓаните и идните генерации и напомена дека истиот е насочен кон стабилност, раст и развој. Јамалов посочи дека целта на Буџетот за 2026 година е да се задржи стабилноста …

Continue Reading

Спасовски пред анкетната комисија за „Пулс“: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

„Ова е навистина тешка дебата во којашто се мешаат разумот и емоциите, меѓутоа во моменти кога родителите собираат најголема сила за да учествуваат во дебатата, на нас не треба да ни биде тешко ништо. Треба да бидеме потрезени и поразумни во дебатата ако сакаме да допринесеме барем малку да се смени системот“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер …

Continue Reading

Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам

Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани. Тие побараа правда, одговорност и од актуелни функционери и вработени во институциите, системски измени за да не се повтори таква трагедија и психолошка и финансиска помош за семејствата на ист начин како што државата постапила по трагедијата …

Continue Reading