Митева го претстави новиот Извршен комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, соопшти дека е потврден новиот состав на Извршниот комитет на организацијата, при што за генерален секретар е избрана Елена Ивановска, а за потпретседателки Ане Лашкоска и Ленче Нелоска. Митева оцени дека новиот тим претставува „нова енергија и силен кадровски потенцијал“ составен од жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство. …

Continue Reading

ДОМ: Не ни требаат уверувања, туку јасни правила за изградба на дата центри 

Изјавата на министерот за дигитална трансформација дека изградбата на дата центри нема да ја загрози животната средина доколку се почитуваат стандарди отвора едно многу важно прашање – кои стандарди, каде се тие и кој ќе гарантира дека ќе се почитуваат?, прашува ДОМ. „ДОМ не е против дигиталната трансформација. Напротив, Македонија има потреба од современа дигитална инфраструктура и технолошки развој. Но, …

Continue Reading

Наместо да одговара, Мицкоски го награди Фетаи со нова функција, велат од СДСМ

Додека македонските работници имаат најниски плати во Европа, владата на Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, Арбен Фетаи кој не доаѓаше на работа е награден со нова функција, велат од СДСМ. „Граѓаните скапо го плаќаа Фетаи додека тој не рабоеше ништо и си објавуваше фотографии како ужива на Тајланд. И сега наместо одговорност за злоупотреба на …

Continue Reading

Зајкова бара од Владата одговорност за платата на Фетаи: ЛДП со најава за институционална офанзива за случајот

Со цел институцуонална одговорност за случајот на екс-вицепремиерот Фетаи а сегашен „специјален пратеник“ на Владата во Брисел, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, денеска премина во директна институционална акција и поднесе официјално пратенички прашања упатено директно до премиерот за сите исплатени денари и за одговорноста за селективната правда, велат од партијата. Зајкова од премиерот бара …

Continue Reading

Мицкоски до Филипче: Инфлацијата во јуни 2026 година е 3,4%, инфлацијата во јуни 2022 беше 14,7%; со вас бевме на врвот по бројот на починати во корона кризата

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање од Венко Филипче посочи економски споредбени параметри со коишто како што истакна, растот на БДП и растот на пензиите е за три пати поголем сега отколку за време на владата на СДСМ и ДУИ. Според Мицкоски побрзо растат и платите, цените на горивата се најевтини во регионот во услови на криза, а …

Continue Reading

(Видео) Филипче до Мицкоски: На дното на Европа сме по животен стандард, вашите лаги паднаа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања нагласи дека сите лаги на Владата на ВМРО за наводниот економски напредок пропаднаа. Филипче посочи дека граѓаните живеат сè потешко, а Македонија е на дното во Европа по животен стандард. „Паѓаат во вода приказните за стандардот. Секој ден ви е полна устата. Четврти сме биле во Европа, трети, сега …

Continue Reading

(Видео) Стојаноски: Ребалансот на Буџетот обезбедува повеќе средства за локален развој, подобра инфраструктура и почиста животна средина

Вториот клучен столб на Ребалансот е развојот на општините и инфраструктурата што секојдневно им е потребна на луѓето. Кога зборуваме за буџетски бројки, зад нив мора да видиме конкретни проекти: пат, мост, водовод, канализација, пречистителна станица, железничка линија, почиста животна средина, истакна на прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Затоа капиталните расходи со Ребалансот растат за 14,5 проценти и достигнуваат речиси …

Continue Reading

Мицкоски до Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар, како дел од пратеничкото прашање на лидерот на опозициската партија СДСМ. Премиерот рече дека додека СДСМ биле на власт водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а тие не презеле ништо и го повика обвинителството да …

Continue Reading

Левица: ДПМНЕ го награди Фетаи, човекот кој со месеци не одеше на работа, а земаше плата

Во држава во која граѓаните со мака заработуваат мизерна плата, Владата на ДПМНЕ создаде привилегирана политичка каста во која неработењето е најсигурниот пат до повисока функција. Арбен Фетаи, човекот кој со месеци не се појавуваше на работа, а редовно земаше плата од парите на граѓаните, денес е награден со дипломатски статус и нова државна титула, велат од Левица. „Од вицепремиер …

Continue Reading