Спасовски го обвини ВМРО-ДПМНЕ за политиканство и најави дека ќе се испитуваат комуникациите на осомничените со лица надвор од групата
Политиканството во вакви случаи на убиства, уште еднаш ги убива жртвите и тоа не е добро. Ова го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан од новинарите како ги коментира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека МВР предоцна ја започнало истрагата за двојното убиство. „Тоа се политиканства од најдолен вид што ги преземаат такви екстремни десничарски кругови. Не посакувам сите да …
Continue Reading
Лога за екстрадицијата на Палевски: За релативно кратко време очекувам да биде меѓу нас и да докажува што се случило
Барањето за екстрадиција на Љупчо Пелвски- Палчо, осомничен дека е организатор и извршител на убиствата на 14 – годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, денес ќе биде испратено во Турција, вели министерто за правда Кренар Лога. Тој очекува позитивен одговор на барањето за релативно кусо време. „Вчера беше потпишано од моја страна, исто така сите списи од Министерството беа …
Continue Reading
Тренчевска: Антикризните мерки се за помош на граѓаните со најниски примања
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со пратеничката Даниела Колева се сретнаа со над 40 пензионери во Кавадарци и лично ги информираа пензионерите за поддршката предвидена со деветтиот пакет на антикризни мерки. Министерката објасни дека примателите на пензија до 14.000 денари ќе добијат финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од 5 месеци, примателите на пензија …
Continue Reading
Ѓорчев: Стануваме земја без народ, стануваме пуста држава, мора да направиме пресврт
Владимир Ѓорчев, претеникот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Македонија мора да биде земја во која што ќе живеат млади луѓе, во која ќе основаат семејства, во која ќе имаат работа, надеж, оптимизам, во која ќе имаат желба да останат. „Оваа 2023 година имаме најмалку родени бебиња во историјата на Македонија. Никогаш помалце бебиња. Имаме само 16.000 родени бебиња, а во 2016 …
Continue Reading
Спасовски: Адвокатот на Палевски се’ уште е на распит во полиција
Васко Стојков – адвокатотот на осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски, се’ уште е на распит во полициската станица. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека во тек е распитот во рамки на 24 часовното задржување, па кога ќе заврши ќе се знае што понатаму. Стојков е еден од возачите, со кои Палевски се возел низ регионот по убиството. …
Continue Reading
Спасовски: Безбедносната состојба во 2023 година е поволна, без индиции да биде нарушена
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раководството на МВР и БЈБ беше во посета на Регионалниот центар за гранични работи Запад во Охрид, каде што оствари работна средба со раководствата на СВР Охрид, СВР Битола и РЦГР Запад, а со цел да се слушнат резултатите од постапувањето на полициските службеници по поставените стратешки приоритети и цели, …
Continue Reading
Искористувањето на позитивниот моментум за проширување во ЕУ е шанса која Македонија не смее да ја пропушти: Маричиќ и Османи од Брисел
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ заедно со Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменичка на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу – Халили, денес престојуваат во Брисел на последните билатерални скрининг состаноци за поглавје 31 „Заедничката надворешна и безбедносна политика„ …
Continue Reading
Ковачки: Возилото со кое е киднапирана Вања 3 дена било на скопските улици, Спасовски да одговори зошто не е детектирано од Сејф сити
„Возилото со кое била киднапирана и убиена Вања е пријавено за исчезнато уште на 22-ри ноември во МВР, а веќе на 24-ти веќе е во Скопје, во пресот во продолжение ќе ги објасниме пропустите на МВР, за кои очекуваме одговор“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Според досегашните познати информации, првоосомничениот Палевски извршил убиство врз велешанецот …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ поднесе 250 амандмани на предлог буџетот за 2024 година
Денес започнува разгледувањето на амандмани за Буџетот за 2024-та година. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, рече дека пратеничката група поднела 250 амандмани преку кои сакаат да интервенираат и да поправат нешто што сеуште може да се поправи. „Денес на првиот ден од амандманската расправа ќе се разгледаат повеќе амандмани од кои би ги издвоил амандманите кои се однесуваат на намалување …
Continue Reading