(Видео) Митева: Одлуката на ЕУ потврдува дека никој не сака да седи на иста маса со криминалците од СДС и ДУИ
Одлуките на вчерашниот Самит во Брисел покажаа дека Ковачевски и Османи водејќи погрешна надворешна политика ја донесоа Македонија во очајна ситуација. Почетокот на преговорите за Украина и Молдавија е чекор кој ВМРО-ДПМНЕ го поздравува, но воедно покажува дека Македонија заслужува почеток на преговорите со ЕУ веднаш, оцени портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Она што, според неа, е најголем пораз за …
Continue Reading
(Видео) Каевски: Во Брисел се потврди дека единствен кочничар е анти ЕУ коалицијата на ДПМНЕ и Левица
Граѓаните и конкретно се уверија. Иако целосо успешно го завршивме процесот на скрининг во изминатата година иако постои подготвеност за проширување на ЕУ, иако нема нови услови за нас, поради блокадата на ДПМНЕ и Левица во македонското Собрание земјава не го продолжи отворањето на поглавјата, истакна на денешната прес-конференција Дарко Каевски, портпарол на СДСМ. „Можеше нашата татковина и сите нејзини …
Continue Reading
Ковачевски им вети на борците: Македонија има херои на новото време, ќе го исполниме аманетот на партизаните и нема да дозволиме чекор назад
Премиерот Димитар Ковачевски на Сојузот на борците од НОВ и на сите македонски граѓани им вети дека ќе го исполни аманетот на партизаните и ќе го оствари и осигура посакуваниот напредок на земјата. Ветувањето го даде денес на промоцијата на монографијата „Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните (1948-2023)“. „Како што за вас во Втората светска војна немало пречка и …
Continue Reading
„Со СДС и ДУИ има епидемија од корупција“, вели Јанушев
Во последните десет години има прилично зголемување на корупцијата и во Македонија има епидемија на корупција – оцени американската амбасадорка Анџела Агелер. Осум од последните 10 години СДС&ДУИНГ се на власт, претходните 2 имаше техничка влада во која исто така беа СДС&ДУИНГ, а во целиот овој 10 годишен период Министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски, пишува на социјалните мрежи, …
Continue Reading
Министерката Петровска потпиша договор за набавка на делови за воздухоплови од Чешка
Министерката за одбрана Славјанка Петровска и чешкиот амбасадор Јарослав Лудва денеска во Министерството ја потпишаа Рамковната спогодба со која за прв пат во македонската историја системски се решаваат предизвиците со навремена набавка на резервни делови, поправка на делови и снабдување со потрошен материјал за потребите на транспортните хеликоптери Ми-8/17, хеликоптерите Бел 206 и авионите Злин 242Л. Рамковната спогодба е во …
Continue Reading
Ковачевски: Повеќе инвестиции за модерно и продуктивно земјоделство преку мерката „Бизнис план“
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод доделувањето на договорите на земјоделците кои се поддржани со новата мерка „Бизнис план во земјоделството“. На настанот, премиерот Ковачевски, министерот Николовски, директорот и заменик-директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и …
Continue Reading
ВМРО-НП: Во Северна Македонија владее информативен мрак за тоа каква е состојбата со Ковидот
ВМРО-Народна партија е загрижена за новонастаната ситуација низ Европа и соседството во однос на новите случаеви на Ковид, но и загрижена за недостатокот од информации за тоа каква е состојбата со Ковидот во Северна Македонија. „Најновите вести од Австрија кажуваат дека во последниот период има повеќе заболени отколку кога беше пикот пред неколку години, во Бугарија во последното деноноќие се …
Continue Reading
Грковска-Нефју: САД со поддршка за Северна Македонија за спречување на корупцијата и со мерки за одговорност за оние кои ѝ наштетуваат на иднината на земјата
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на Конференцијата на земјите потписнички на Конвенцијата на Обединетите Нации против корупцијата, имаше состанок со координаторот на Стејт Департментот на САД за глобално спречување на корупцијата, Ричард Нефју. Грковска му се заблагодари на координаторот Нефју за поддршката што САД и ја дава на Република Северна …
Continue Reading
Османи: Денес можеше да биде ден за славење и кај нас, честитки до Украина и Молдова за почетокот на преговорите со ЕУ
Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи упати честитики на Украина и Молдавија за почетокот на разговорите со Европската унија (ЕУ). „Честитки до Украина и Молдова за почетокот на преговорите со Европската Унија. Денес можеше да биде ден за славење и кај нас за отварање на поглавјата, но антиевропските темни сили држат во заложништво 2 милиони граѓани. Уште …
Continue Reading