Ахмети до Коп: Институциите да постапат законски, без надворешни влијанија
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети се сретна со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп. Како што информираат од ДУИ, Ахмети и амбасадорот Коп разговарале за влијанијата на истокот во регионот, владеењето на правото, реформите како и важноста од европската интеграција. „Зголеменото руско и кинеско влијание во земјата и регионот ја загрозува европската иднина. Владеењето на правото и проверката …
Continue Reading
Демократско Движење: Поликлиниката во Сарај уништена пред да се отвори
„Денеска бевме сведоци на уште една пародија која ни ја понудија пропаднатите министри на ДУИ по повод пуштањето во употреба на Поликлиниката во Сарај. Денеска овие министри на ДУИ не се потсмеваа само со Сарај, туку со целото население во државата пуштајќи во употреба објект кој и пред да се промовира е уништен, подобро кажано внатре е целосно скапан“, велат …
Continue Reading
Османи и Абдула бин Мухамед Ал аш-Шеик разговараа за продлабочување на односите со Саудиска Арабија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со претседателот на Собранието на Кралството на Саудиска Арабија, Абдула бин Мухамед Ал аш-Шеик кој престојува во посета на Македонија. Во фокус на средбата беа билатералните односи меѓу двете држави, при што беше истакната заедничката заложба за натамошно зајакнување на економската соработка. Османи упати честитки за изборот на Саудиска Арабија за …
Continue Reading
(Видео) Вељановски: Одлука за времено финансирање на општина Карпош нема, иако буџетот е изгласан на 9 јануари
Одлука за времено финансирање на општина Карпош нема, иако буџетот е изгласан на 9 јануари, прекршен ли е законот за финансирање на ЕЛС и дали буџетот ќе важи ретрокативно, вели Роберт Вељановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Карпош. „Бруталното насилство и кршењето на законите во Општина Карпош продолжува. На четвртото продолжение на 37-мата седница на Советот на Општина …
Continue Reading
Прирдувачите на игрите на среќа излегоа на протест: „Над 10.000 луѓе ќе останат без работа“
Зад законските измени се кријат лични интереси, велат приредувачите на игрите на среќа кои денес се собраа на протест пред Собранието. Тие бараат да просиствуваат на седницата на Комисијата за европски прашања и предупредија дека ќе продолжат со протестите ако не бидат исполнети нивните барања. „Ова води до целосно згаснување на една легална стопанска гранка и оставање на улица повеќе од …
Continue Reading
Стоилковски: ЕУ и НАТО загрижени за корупција во М-НАВ и за безбедностa на небото
Лажната проевропска коалиција СДС и ДУИ не престанува да ја срами и скандализира Македонија во меѓународните очи, со заштита и поддршка на партиските банди, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоиолковски. „Цела недела лажната проевропска коалиција бега од вистинско правно -политичко приоѓање кон Загрозување на меѓународниот авиосообраќај над Македонија. Лажната проевропска ориентација на СДС и ДУИ е до толку поголема, што …
Continue Reading
М-НАВ за Ковачевски е семејна фирма што вработува до трето колено: На претседателот на Синдикат татко му работел таму и брат му таму работи
Покрај вчерашните предлози за разрешувања и именувања нови директори во М-НАВ по насилниот упад во контролната кула, премиерот Димитар Ковачевски денес објаснуваше зошто во компанијата иницирале и вонреден инспекциски надзор на работата на синдикатите. Синдикатот на контролотри на летање ја услови Владата да го разреши раководоството поради незаконски вработувања и се закани дека ќе го завори небото над македонија доклку …
Continue Reading
Ковачевски прифаќа до септември да се продолжи рокот за нови документи: Претседателот може да се чуе со претседателката на Грција
Владата на седница ќе ја разгледува можноста за пролонгирање на рокот за вадење нови патни исправи со Северна во името на државата, како што предлага претседателот на државата Стево Пендаровски. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ќе се консултира со двајцата министри со кои разговарал претседателот Пендаровски околу можноста за законски измени во меѓународниот договор, но посочи и дека и претседателот …
Continue Reading
Ковачевски: Сите кандидати на СДСМ за претседател на државата ќе имаат еднаква стартна позиција
Претседателот Стево Пендаровски нема да има предност во трката за претседателски кандидат во СДСМ. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека во партијата е почната процедурата за номинација на кандидатите за претсдетел и сите имаат еднаква стартна позиција. „Пендаровски успешно го заврши претседателскиот мандат, ги поддржа евроинтеграциите и сите граѓани ги третираше со еднаква почит, во моментов може да зборувам за врендостите …
Continue Reading